Вистина е, ги измамивме обожавателите: Ѕвездите на серијата „Сексот и градот“ открија зошто снимале лажни сцени ширум Њујорк
Шарлот и Миранда, односно Кетрин Дејвис и Синтија Никсон проговорија за лажните сцени кои ги снимале за продолжението на „Сексот и градот“.
Само еден ден не дели од премиерата на култната серија „Сексот и градот“, а трејлерот за продолжението „And just like that...“ засега ветува. Но, и понатаму многумина се согласни дека без Самата тоа не е тоа, но, коментарите на таа тема ќе ги сочуваме до првата епизода.
Сега познатите Миранда и Шарлот, односно Синтија Никсон и Кристин Дејвис пред премиерата открија некои детали кои беа сокриени од публиката.
Имено, веќе некое време се пишуваше за тоа дека ширум Њујорк се снимени лажни сцени, а тие конечно проговорија не само за тоа, туку и за бројни работи од приватниот живот, поради што во текот на емисијата „The Late Show“ со Стивен Колберт станаа многу емотивни.
Кристин ги потврди наводите за лажните сцени, и како што вели, тоа го правеле за максимално да го заштитат сценариото и да спречат било што да протече во медиумите.
„Вистина е, ги измамивме обожавателите“ - започна познатата Шарлот.
фото: PRITNSCREEN/YOUTUBE„Правевме сѐ за да спречиме да се дознае што е вистинскиот заплет на серијата“ - кажаа актерките и се осврнаа кон покојниот Вили Гарсон, кој ги сними првите три епизоди, пред да почине од рак на панкреасот.
Како што порано наведуваа и самите организатори и сценаристи, не се ни зборува за смрт на некој од ликовите и дека најдобриот пријател на Керин, Стенли, ќе продолжи да „живее“, иако не открија како ќе го остават во живот.
Многу обожаватели беа многу разочарани, па дури и огорчени на сцената во која Кери го бакнува новиот лик, кој го глуми Џон Тени, а и Синтија и Кристин останаа неми на прашањата дали е во прашање лажна сцена или не.
„Сакаме обожавателите да уживаа во ова, тоа е важен дел. Не сакаме да знаат, односно да ги прочитаат белешките од сценариото пред да ја видат пошироката слика“ - кажа Синтија Никсон.
фото: PRITNSCREEN/YOUTUBEНа прашањето дали било тешко да се работи под толкав притисок од обожавателите, Никсон додаде:
„Морам да кажам дека почнавме да снимаме во јули, а тогаш целиот град излезе од карантин. Така што беше потполно неверојатно повторно да се глумат тие ликови. Но, мислам дека беше и возбудливо за луѓето, бидејќи на тоа гледаа како Њујорк да се враќа на она што беше некогаш“.
Водителот се осврна и на заминувањето на познатата Саманта, односно Ким Катрал, на што Никсон додаде дека сега ќе се насочат на новите членови на тимот, Сара Рамирез, Никол Ари Паркер, Крен Питман и Сарита Чудури, за кои кажа дека се прекрасни.
„Навистина сум задоволна. Знаевме дека тимот ќе се прошири и дека ќе дојде до уште луѓе, но сето тоа направи да се чувствуваме како да снимаме првпат“ - објасни актерката.
Да потсетиме, премиерата на новата сезона „Сексот и градот“ е најавена за утре, 9 декември, на ХБО Макс, а доколку досега го немате погледнато трејлерот, може да го погледнете во продолжение:
фото: Youtube