Вистинскиот тимски дух носи позитивни резултати: Интервју со Елена Зетова, зонален менаџер во AVON
Љубовта кон негувањето и декоративната козметика, како и верувањето дека AVON е вистинската отскочна даска за нејзино самореализирање, се првите причини таа да ја почне својата приказна во оваа компанија која трае веќе 15 години. Пред сè, како претставник, понатаму како лидер, Елена Зетова денес е една од најуспешните Зонални Менаџерки на нашата територија. Со својата енергичност, проникливост и претприемачки сензибилитет, Елена успева да пронајде баланс помеѓу приватните и семејни обврски и остварувањето на професионалните соништа.
AVON за неа не претставува само бизнис или кариера, туку голема заедница, која им овозможува на жените да ја покажат својата сила, упорност и позитивна енергија. AVON заедницата е многу повеќе од бизнис тим, таа претставува столб на поддршка, унапредување и неограничени можностиза сите кои сакаат да бидат дел од неа. Денес, тимот на Елена кој го опфаќа јужниот и источниот дел на Македонија, брои повеќе од 1.600 претставници и 100-тина менаџери во 13 различни градови. Сите тие заедно придонесуваат за успешно пренесување на приказната на AVON преку својата напорна работа и желбата за успех.
* Зошто го одбравте AVON како платформа за долгогодишна работа?
- Мал е бројот на компании кои нудат целосна поддршка, можност за брзо напредување во кариерата и неограничена заработка. AVON нуди можност за лично надградување со најразлични менаџерски вештини, со што станувате активен помагател и на другите да започнат свој бизнис и да направат позитивна промена во својот живот.
* Што ви е најголемиот предизвик во секојдневната работа и што е она што ве мотивира?
- Од моите почетоци во AVON до сега, самиот бизнис целосно се промени, а со самото тоа се менуваат и предизвиците. Она што е предизвик во секторот продажба е самата мотивација на луѓето да имаат цврста цел и амбиција да ја достигнат. Најголем виновник за тоа се можеби големите очекувања и резултати со максимално вложен труд. Ако земеме предвид дека веќе 15 години сум дел од AVON, мојата мотивација е секогаш на највисоко ниво. Она што ме мотивира мене е пронаоѓањето на нови таленти. Претставувањето на заедницата и бизнис можностите на AVON на жените кои сакаат да направат позитивна промена, да излезат од својата комфортна зона и да работат со тим кој цели кон успех. Исто така, вреднувањето на трудот и работата во AVON, преку најразлични награди и признанија, се дополнителен двигател и мотивација.
* Која е тајната на успехот на вашиот тим? Какви релации градите со вашиот тим?
- Доколку има вистински тимски дух има многу позитивна енергија и нормално позитивни резултати.
Зона 5 е Зона што има претрпено многу промени од почеток на постоењето до сега. Кога започнав како Зонален Менаџер, истата броеше 480 претставници и 36 менаџери за продажба. Сега Зона 5 се простира во 13 градови низ јужна и источна Македонија и е составена од 1600 претставници и 100 менаџери за продажба од најразлична возраст, со најразлични професии и интереси. Секоја кампања и секоја следна година знаеме да генерираме се поголеми резултати. Мојот менаџерски тим е мојот клучен партнер во работата, со кој имаме извонредна соработка и ги делиме заедничките успеси. Тоа не значи дека нашата релација е строго професионална, затоа што после долгогодишна соработка нормално е со дел од нив да се развијат и поголеми пријателски односи кои си ги негуваме надвор од канцеларија или на тим-билдинг средбите кои често ги организираме. Еден од најголемите успеси што ги направивме, е достигнување на најдобра Зона која постигнала најголема продажба во првата кампања од лансирањето на парфемот Her Story. Ова ни е од особено значење ако го земеме предвид фактот што овој парфем ги прославува жените што преку своето минато ја создале сегашноста и ги обликувале приказните за иднината. Аромата на Her Story носи идеологија за живот со значително унапреден квалитет, просперитет, финансиска независност и рамноправност на секое поле, особено во денешната ера на дигитализација и глобализација. Преку мирисните ноти на парфемот, ги славиме уникатните приказни на денешните силни и самоуверени жени од целиот свет, бидејќи веруваме во моќта на убавината за поддршка на отвореноста и довербата.
* Која е вашата порака до сите жени, зошто да му се придружат на вашиот AVON тим?
- Идеално е да го работиш она што го сакаш. Во реалниот живот, може да се најдеш во ситуација да работиш нешто што ти ги плаќа сметките и те држи зафатена, но истовремено не те прави среќна и исполнета.
Затоа ги охрабруваме жените и девојките кои имаат големи соништа и истите сакаат на вистинското место да ги преточат во реалност, да се приклучат на нашиот ТИМ кој ќе им овозможи една позитивна работна средина, со соодветен тренинг и целосна подршка, заедно да зачекориме по нова патека која ќе им го промени животот.
Секоја приказна почнува со смелост да се направи првиот чекор, време е и вие да ја почнете вашата, тоа е нашата најголема порака до сите.