ВИСТИНСКО МУЗИЧКО УЖИВАЊЕ! ХИП ХОП БЕТЛ НА ПЛАТОТО ВО ИСТ ГЕЈТ ПО ПОВОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ТАНЦИ 2022

Добивај вести на Viber

Хип хоп танцовите „битки“(hip - hop battles) се организираат околу размена на танцови лице в лице и, иако танчерите мобилизираат разновиден опсег на изрази на лицето, сѐ се осврнува на лицето како кореографска направа, односно танчерите стратешки користат израз на лицето за да ги предизвикаат нивните противници.

Така и вчера (18.06.2022), посетителите на Ист Гејт доживеаја несекојдневно искуство. На платото на шопинг центарот, танчери од цело Скопјесе натпреваруваа еден на еден, танцувајќи на најголемите хип-хоп хитови, а сето тоа пред погледот на реномирано жири. На крајот беа избрани најдобрите танчери и истите добија вредни награди.

За оние кои не се премногу блиску до приказната за овој феномен, хип - хоп танцовата битка (hip - hop battle) e креативен формат кој се движи на традиционалната рамка на жанрот хип-хоп и ги нагласува танчерските способности, односно сценската изведба на танчерите.

Токму такви „битки“ ќе го одбележат ова лето, на Европското првенство во танци 2022, од 2ријули (сабота) до 5ти (вторник) јули, кое ќе приреди многу музички и танцови изненадувања во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански.

Вчерашниот настан беше последна најава за првенството кое ќеја обедини Европа.