Владата набавува вакцина против ковид за деца, Комитетот за имунизација молчи: До кога ќе се информираме од Интернет и од пријателите во странство?

Добивај вести на Viber

Во повеќе земји во светот имунизацијата на децата против ковид е во полн ек. Засега најмладите се вакцинираат само со вакцината произведена од компанијата Фајзер, освен во Кина, каде што се одвива вакцинацијата и на децата од 3 години нагоре со вакцините од нивните фармацевтски компании. Што се однесува до земјите воЕвропа, Европската агенција за лекови (ЕМА) уште во текот на ноември одобри употреба на помала доза на вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години, откако беше одобрена за возрасните пред повеќе од половина година, односно во мај.

Македонската Влада веќе објави дека веќе се нарачани вакцини од американско-германскиот производител и за најмладата популација и тоа првичната пратка од 10.000 дози, треба да пристигне заедно со уште 40.000 дози од оваа вакцина за возрасната популација. Сепак, во Македонија се уште нема јасна препорака за имунизација против ковид на деца од 5 до 12 години бидејќи, Комитетот за имунизација се уште се нема јавно произнесено во однос на ова прашање. По прес-конференцијата на владините портпароли, јавноста единствено знае дека единствен услов за вакцинирање на децата со оваа вакцина е да се согласат родителите кои задолжително треба да бидат со нив при вакцинирањето.

-Не ми е јасно како од Владата велат дека нарачуваат вакцини за децата, а оние кои треба да дадат препорака молчат. Каде е да се произнесе Комитетот за имунизација? Зошто ништо не кажуваат. Од нивна страна е крајно несериозно ваквото однесување... продолжува ОВДЕ