Влегуваме во ретрограден Плутон - подгответе се за неочекувани промени

Добивај вести на Viber

Зборот "ретрограден" се користи премногу често во последната недела и неговата употреба претстои и во наредната недела. Во годината на ретроградните планети, и Плутон одлучи да биде ретрограден од 22 април до 01 октомври.

Понекогаш го омаложуваме фактот дека и Плутон станува ретрограден. Да, тоа е повисока планета, а влијанието дури може да се смета за позитивно. Сепак, мора да признаеме дека секое ретроградно движење забавува и повторно бара справување со старите проблеми за кои мислиме дека успеавме да ги решиме, но не сме реални. Секое ретроградно движење бара од нас да се свртиме кон себе и да не бараме коректна причина во другите.

Со други зборови, универзумот ни кажува да запреме и да престанеме да ги обвинуваме другите за нашите сопствени проблеми, туку да ги бараме во себе и да ги решиме. Токму сега треба да го направиме тоа во многу сфери.

Ретроградното движење на Плутон ни покажува дека промените ќе се случат во нас и ќе бидат многу силни, без разлика дали сме подготвени за нив. Промената што се случува во нас исто така ќе влијае на другите луѓе, и на тој начин, на крајот, ќе дојдеме до суштински социјални и општествени промени.

Плутон секогаш е вклучен кога има премногу негативна енергија, од старата енергија што треба да се ослободиме. Тој е како чистач на оваа енергија. Тој се вклучува за да исчисти и да реши еден нов начин, без да не прашува дали сме подготвени да се разделиме со старата енергија - Остроумен тој оценува што да укине и во која доза, па да ослободи пат на новото во нашите животи.

Дефинитивно Плутон сака да ни покаже дека во моментов сме потонати во лутина, агресија и незадоволство и не треба да трупаме повеќе тензии, а да најдеме начин да се ослободиме од нив. Затоа, ретроградниот период на Плутон е подолг.

Оова се 5 важни работи што треба да ги знаеме за ретроградниот Плутон:

 ► Промената е императив, особено во однос на вашата професионална кариера. Можно е да станете свесни за старите таленти, сосема нова насока во вашата работа е можна.

 ► На надворешните промени во социјалниот план ќе им претходат лични промени. Нешто старо, според вашат личност и вашиот карактер, ќе исчезне за да направи место за новите нешта.

 ► Вие ќе ја видите вашата позиција во општеството на нов начин. Ќе се прашувате дали сте задоволни со вашата моментална позиција и како сакате да ја промените.

 ► Дојде време акумулираното знаење да го направите оперативно - инаку нема да има промени.

 ► Упорноста е она што ќе доведе до квалитативна промена. Вие не треба само да го кажете тоа и да кажете дека сте подготвени за тоа, но морате и да направите го сето тоа.