Внимавајте, со празничната гозба не му предизвикувајте шок на организмот: Нутриционистот Фани Гулевска

Добивај вести на Viber

За време на празниците, кога имаме полни трпези со секакви јадења, граѓаните често знаат да претераат со храна и алкохол.

Но, она на што треба да внимаваме е да не му предизвикаме шок на организмот, поради што подоцна ќе почувствуваме подуеност и тегоби. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека треба да имаме избалансирана исхрана и да бидеме умерени. Објаснува дека доколку сме претерале за време на празниците со масна храна, во следните денови треба да конзумираме полесна храна.

„Знаеме дека за Нова година на трпезите има месо, печења, скара, руска салата, кифлички, и ако тој ден сме внесувале тешка храна, идните денови треба да внесуваме повеќе салати, цедени сокови,  лимон, вода. Едноставно да си го почистиме организмот. Многу е важно да бидеме умерени, затоа што ако внесеме и голема количина на овошје, можеме да си направиме контра ефект по здравјето, во однос на нивото на шеќер. Обично околу празниците слушаме муабети од типот „се здебелив неколку килограми“, но промените не се невозможни и ние треба да ги направиме“, вели Гулевска.

Повеќе на Фактор.мк