Во црно од глава до пети: Северина го привлече вниманието во сензационално издание
Северина каде и да се појави дели модни лекции со својот софистициран стил, а овој пат тоа го направи на новогодишната ноќ во Црна Гора. Со својот оркестар составен од десет музичари, познатата пејачка се качи на сцената половина час пред полноќ, а со својот спектакуларен изглед го привлече вниманието на публиката.
Имено, таа се одлучи за „кастам мејд“ креација на брендот Морфиум зад кој стои дизајнерката Јелена Малешевиќ, овој пат во соработка со стилистката на Северина, Катија Шимундиќ.
Пејачката која не бега од смелите модни комбинации, за новогодишниот концерт избрала ефективна црна комбинација на јакна и кожени панталони, а она што го издвојува нејзиниот изглед е мрежестата ткаенина изработена од подебел тул што се протегала по должината на ракавите. Северина целиот изглед го заокружи со висечки обетки и црни чизми на потпетици.
„Среќна сум што ја дочекав Новата година со син ми и со убави луѓе пред мене, до мене, околу мене, зад мене... Ми рекоа дека не застанале сите на Плоштадот, туку дека ги имало насекаде, низ целиот центар на Котор... Убаво, неописливо убаво“, изјавилапејачката по настапот.
Освен многуте настапи кои ги имаше минатата година, во ексклузивното интервју за хрватска „Глорија“, Северина откри дека за неа 2023 година навистина била нејзина на многу други начини.
„Ова беше дефинитивно мојата година, година на будење и оставање на минатото во минатото. Готово е, крај. Ова е годината кога решив да го прекинам десетгодишното малтретирање од систем кој не препознава патологија. Сè уште продолжува, но веќе не со моите нерви. Доволно. Така уживав со моето дете, на концерти, на патувања“, изјави пејачката.
Попатно таа спомна на што најмногу се гордее во изминатата година.
„Во тешки периоди одев во студио само за да не размислувам за судењата на кои одев еднаш или двапати месечно. Отидов во студио само да творам, на работна терапија. Вториот дел од албумот нема да го издадам. Почнав да размислувам и да работам на нешто сосема ново, и тоа со голем оптимизам. Сепак, најгорда сум што по долги години борба на здруженија на жени, правници и бројни поединци, а се осмелувам да си оддадам барем малку заслуга, надлежното министерство ги задолжи сите подрачни служби на центрите за социјална заштита да престанат да користат штетен концепт на отуѓување на децата при обработка на случаи, што им користи на насилниците, а не на жртвата“.
Фото:Инстаграм/ Општина Котор Фејсбук
Извор: Gloria.hr