Во црвено од глава до петици: Меган Маркл повторно докажа дека ја заслужува титулата „кралица на стилот“ (ФОТО)
Принцот Хари и Меган Маркл пристигнаа во Њујорк и за прв пат по раѓањето на нивната ќерка Лилибет, одлучија да го продолжат промовирањето на хуманитарната работа, која ја основаа кога го напуштија кралскиот двор и сите должности.
Славниот пар одлучи да им се придружи на најголемите sвезди во Њујорк на настан организиран за промовирање на вакцинација против коронавирусот. Покрај Меган и принцот Хари, во оваа камања учествуваат и Елтон Џон, Били Ајлиш, Џенифер Лопез и многу други. Настанот ќе трае цели 24 часа.
А Меган и нејзиниот сопруг Хари ја промовираа и книгата за нивните деца наречена „Клупа“ во училиште во Харлем.
За оваа пригода, поранешната војвотка од Сасекс носеше интересен црвен комплет. Носеше и црвени стилето чевли. Ја пушти косата, а црните очила само го надополнија целиот стајлинг.
фото: Profimedia