Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

Добивај вести на Viber

Пролетно приквечерие, од оние лесните, опуштените. Мирисот на магнолија лебдеше во воздухот, како речиси да застана времето. Нотите како да изглегуваа од грамофонската плоча, мешајќи се со мирисот на бергамот и дива слива Mirabelle.

Magnolia Bliss пристигна во нашиот град.

Нејзиното доаѓање беше обележано со цветни круни, музика во знакот на седумдесетите, атмосфера која ги ослободува сетилата. Промоцијата беше во одржана во градскиот парк, во боите и знакот на Magnolia Bliss, со коктел забава на која гостите се запознаа со најновата креација на Romano Ricci, парфимер и основач на брендот "Juliette has a Gun".

Настан за кој ќе се зборува долго.

Парфемот со своето транспарентно шишенце, ги открива боите на зајдисонцето, проткаени со романтика и блескава сончева светлина, вистински потсетник на бескрајно совршено лето. Украсено со сребрено капаче, Juliette has a gun го претставува мирисот на оптимизмот и спокојот.

Горна нота: Бергамот

Средни ноти: Магнолија, слива Мирабел

Базни ноти: Мошус, Амброксан.


*ПР објава