Во пеколот на дрогата и алкохолот била на 13 години: Сега нејзиниот живот е сосема друга приказна!

Добивај вести на Viber

Денес Дру Баримор е грижлива мајка на две ќерки, кои ги добила во бракот со актерот Вил Копелман, а малкумина се сеќаваат на нејзината бурна младост. Меѓутоа, актерката во своето последно шокантно интервју го опиша своето тешко детство и растење со дрога и алкохол.

Во филмската индустрија се најде како 11 месечно бебе, а потоа во далечната 1982 година со само седум години стекна светска популарност со улогата во филмот  "E.T." на Стивен Спилберг.


Како и многу млади ѕвезди и Дру се нашла во пеколот на дрогата, алкохолот и излегувањата, а за се денес ја обвинува својата мајка која не и била вистински пример.

„Немам ниту една слика од детството која е направена дома, бидејќи речиси никогаш не бев дома. Мајка ми често ме водеше со себе на журки. Кога имав само 6 години ме облекуваше како да сум страица од 80“, раскажала акатерката за магазинот InStyle.


Додала и дека почнала да пуши кога имала 9 години, алкохол пробала веднаш потоа, а со 13 години веќе била и на кокаин што на крај ја довело до одење во клиника за одвикнување.

„Се што знаев е работа, друг живот немав. Немав семејство. Работам откога знам за себе. Чудно е тоа, бидејќи денес ништо не би можело да ме натера да излезам од дома“, рекла Дру која од 14 години се откажала од старателството на своите родители.


Бидејќи била проблематична, во тоа време не можела да добива нови улоги, па заработувала работејќи како келнерка.

Иако детството не ја подготвувало за вистинскиот живот кој ја чекал откако пораснала, оваа симпатична актерка сепак успеала да стане самостојна, свесна и одговорна жена.


Затоа денес на своите две девојчиња, петгодишната Оливија и две години помалата Френки се обидува да им биде најдобра мајка и вистински пример и покрај разводот од сопругот признава дека е исполнета и среќна како никогаш досега.