Во секоја бременост се поправала по 45 килограми: Познатата пејачка откри како успеала да ја доведе фигурата до совршенство

Во светот на познатите нема личност која имала такви промени во тежината како неа, а сега повторно ја доби битката...

Поп пејачката Џесика Симпсон (41) неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во златно бикини, а на прв поглед многумина помислија дека е во прашање селфи од почетокот на нејзината кариера.

Сепак, станува збор за фотографија која е направена неодамна, кога Џесика посака да се пофали со резултатите од напорната работа на телото и огромното одрекување од храна.

Како што истакна Џесика, изгубила 45 килограми за три години, а ова за неа е трета битка со килограмите.

„Ми беа потребни три години. Верувам дека треба себе да си поставувам мали цели во животот, бидејќи секогаш постојат проблеми поради кои ќе изгледа како да е невозможно. Малите цели ми помогнаа да ги остварам големите“ - кажа пејачката за „The Real“.

Таа призна дека целта не ѝ било да се врати во минијатурни бикини, но дека чувството дефинитивно е прекрасно сега кога повторно може да ги носи со самодоверба.

„Тоа беше посебно емотивен момент кој сакав да го споделам со сите. Бев горда на себе што успеав, се чувствував како сѐ да е можно“ - кажа Џесика.

Пејачката е горда мајка на три деца: Берди Меј, Максвел Дру и Ејса Нута. Како што истакнува, секој пат кога била бремена се поправала многу, а во третата бременост тоа ѝ било најтешко.

„Прилично се поправав во секоја бременост. Ја славам бременоста, но последната за мене беше неверојатно тешка. Не знам дали причината е тоа што сум постара, хормони или пак нешто трето, но беше навистина брутално“ - не крие Џесика.

Како успеа да намали 45 килограми? Одговорот е едноставен: воопшто не било лесно.

„Напорна работа, одлучност и самопочит“ - исткана Џесика и откри дека се расплакала од среќа кога повторно облече бикини.

Во еден момент, пејачката имала 117 килограми, а имала и многу проблеми со анксиозноста и болките во грбот и стапалата. Дебелината ѝ донела проблеми и со несоницата, а најголем удар доживеала нејзината самопочит поради негативните коментари на Инстаграм.

фото: Принтскрин / Инстаграм