Во служба на убавината: Бети Цонева советува како до посакуван потемен тен

Добивај вести на Viber

Сончањето во солариум треба да е контролирано и постепено за да се постигнат саканите резултати, притоа да не се изложувате на ризик. Во ништо не треба да се претерува, објаснува сопственичката на „Студио Сикрет“

Еден од трендовите за убавина коj се негува кај нас е одењето на солариум за постигнување на потемен тен, а со текот на годините се промовираат и нови техники за постигнување на посакуваните резултати. Во однос на новитетите на ова поле, „Женски Магазин“ позборува со сопственичката на салонот за убавина „Студио Сикрет“, Бети Цонева. Како и секоја летна сезона, така и оваа, овој тренд доминира во салоните за убавина и е идеално решение за подготвување на кожата за изложување на сонце.

Голема е заинтересираноста за сончање во солариум преку целата година, но најмногу во предлетниот и летниот период. Клиентите и клиентките освен поради естетски причини, кои се бр 1, на солариум доаѓаат и за да ја подготват кожата за изложување на сонце, да спречат изгореници од сонце. Некои од клиентите тврдат и дека сончањето во солариум пред изложување на сонце им ја спречува појавата на алергија на сонце - појаснува Цонева.


Сите оние кои се заинтересирани за солариум лесно може да се информираат за сите предности од овој третман, како и потребната нега преку големиот број информации достапни на интернет, но сепак најдобро решение е консултација со стручно лице.

- Во денешно време човек многу лесно може да се се информира за сите предности и слабости на се што правиме во служба на убавината. Всушност, речиси се што внесуваме преку храна и пијалаци, лекови, суплементи, производи за нега, третмани, вежбање итн. има предности, но и последици ако претеруваме - истакнува Цонева. 

Дополнително објаснува за употребата во дерматологијата, за тоа каде прво започнал да се користи солариумот, како и за ефектите од постепеното постигнување на саканиот тен. 

- Вештачкото УВ зрачење се користи одамна во дерматологијата за третман на некои болести и состојби на кожата. Но, солариумот или УВ-зрачење во козметички цели прв пат се појавил во 1920 година, а денес модерните апарати се и многу поусовршени. Брзо по неговото појавување станал популарен во Скандинавија, разбирливо, поради нестатокот на сонце, но подоцна го освоил и целиот западен свет. На Истокот, знаеме дека се практикува избелување на кожата како императив за убавина, но тоа се различни идеали. На Запад, повеќето светски ѕвезди, модели, спортисти практикуваат сончање во солариум за да го постигнат токму тој идел за убав изглед. Не случајно и во најскапите хотели покрај бројните спа-услуги, третмани за релаксација, нега, задолжително ќе пронајдете и солариум во понудата, бидејќи многу и се бара. Сончањето во солариум треба да е контролирано и постепено за да се постигнат саканите резултати, притоа да не се изложувате на ризик. Во ништо не треба да се претерува - објаснува сопственичката на „Студио Сикрет“.


Од овој тренд вели дека не се исклучени ни познатите личности, кои покрај големиот број обврски наоѓаат полесен начин за да ги постигнат посакуваните резултати, а исклучок од тоа правило не се ни домашните ѕвезди. 

- Голем дел од  домашните јавни личности се наши редовни клиенти. Посебно сега со услугата за сончање и паралелно вежбање на вибра-нано платформата, која е новитет во нашиот салон, а оваа услуга ја користат сите возрасти од обата пола, односно сите оние кои сакаат да го подобрат изгледот на кожата - вели таа.

Исто така нагласува дека важно е да се следат правилата за негување и заштита на кожата, односно да се практикуваат третмани пред и по сончањето. Неизоставен дел од убавата и негувана кожа е и исхраната, а нездравите навики дополнително придонесуваат за брзо стареење на кожата. Во тој однос, треба да се следат препораките на експертите.

- Ние како салон за убавина, инсистираме на убавина и нега, односно правилно постапување и при сончање во солариум и на отворено. Кожата на лицето и телото треба да се негува, длабински хидрира, и да и се обезбедат сите состојки што и се потребни како витамини, минерали, влага, а за оние со посува кожа и дополнителни масла преку третманите што ги правиме или преку препаратите за нега во домашни услови. Дури потоа треба да се практикува сончање во солариум или на отворено. После сончањето ја препорачуваме истата рутина за нега. Ако некој пак и не сака да се сонча ниту во солариум, ниту на отворено, а посакува темен тен, нудима услуга со високо квалитетен спреј-тен или Калифорнија тен кој со само еден третман обезбедува максимални резултати, без штетни ефекти - препорачува Цонева.

Бојана Нојиќ