Во текот на зимата потребно е повеќе да внимавате на вашата кожа: Пет совети како да ја одржувате мека и хидрирана
Почнете веднаш!
Ладниот и сув воздух може да ја исуши и иритира нашата кожа, па затоа е многу важно да се грижиме за нашата кожа во текот на зимата! Со овие пет совети ќе избегнете сушење, и ќе ја одржите вашата кожа хидрирана и мека.
Греење
Вообичаено откако ќе го поминеме подолго време надвор, првото нешто што го правиме кога ќе ндојдеме дома е да се стполиме.Сепак, овие големи промени на температурите не се добри за вашата кожа.
Затоа, не ја зголемувајте топлината во домот, колку е потопло, толку е посув воздухот.
Температура на водата
Ова ќе ги разочата повеќето жени, но да, топлата вода може само дополнително да ја исуши кожата. Постои едно лесно правило кое треба да се следи, а тоа вели дека ако кожата поцрвени, водата е премногу топла. Истото важи и за миење раце.
Миење на раце
Се чини дека топлината помага, но всушност, шансите се поголеми дополнително да ја иритирате кожата, особено ако по миењето на раце со топла вода, излезете надвор на студено.
Креми за раце
Честото миење на рацете може да ја исуши кожата, но затоа е многу важно редовно да користите соодветни креми. На тој начин доволно ќе ја хидрирате вашата кожа.
Добра исхрана и многу вода
Исхраната игра голема улога во негата на кожата и нејзиниот изглед. Најзабележителни промени се на лицето кое е најподложно на мозолчиња и иритации, но не очекувајте неверојатно драстични резултати, бидејќи исхраната е само еден дел од процесот. Пиењето многу течности, како што е вода, е идеално за освежување на нашата кожа.
За среќа, постојат многу начини да ја одржите кожата хидрирана, а попатно е добар почеток да ги промените вашите навики, и да се грижите за вашето здравје.
Фото:freepik