Војуваат поради геј парадата, а се бакнуваа во уста: Сите го заборавија ова видео на Карлеуша и Ана! (ВИДЕО)

Некогаш пејачите се согласуваа повеќе од добро

Ана Николиќ и Јелена Карлеуша моментално се во војна поради геј парадата која ќе се одржи во септември и поради нивните спротивставени ставови за ЛГБТ популацијата, додека претходно беа повеќе од добри другарки.

Нивниот однос се виде и во емисијата на Огњен Амиџиќ кога заедно гостуваа во 2011-тата година, а бидејќи темата меѓу другото беа и хомосексуалците, немаа проблем ниту да се бакнуваат во уста.

Сега Ана тврди дека го поддржува ставот на црквата, поточно се противи на одржувањето на геј парада, прашувајќи се дали треба да излезе на улица и да „вика дека е стрејт“. Карлеуша не ѝ остана должна, па рече дека „Ана не е стрејт во секоја смисла“.

Николиќ брзо подготви одговор, и ѝ се подсмеваше на Карлеуша во своето најново видео.

Имено на Инстаграм објави видео од нејзиното трчање на поле и накратко напиша: „Viva la njiva. Ne mogu sad. Pecam. Ae zdravo“. Тука најверојатно мислеше на Карлеуша и нејзиното „Viva la Diva"

Сепак, порано добро се согласуваа, па не им беше проблем ниту да се бакнуваат.



Извор: 24sedam.rs