Волшебникот на високата мода ни покажа женствени парчиња кои секоја жена ја претвораат во кралица: Очекувано од Ели Саб во новата колекција

Добивај вести на Viber

Изминатиов викенд на Париската модна недела новата колекција за зимата 2022/2023 ја претстави еден од најталентираните дизајнери на висока мода на денешницата - Либанецот Ели Саб. 



Можеби и очекувано, неговата ревоја е она кое ги понуди најубавите и најженствените парчиња, моќни и уникатни, а сепак носливи и нималку ексцентрични. Во оваа колекција доминираа плиш, светки и лелеави палта, реси и цветни принтови, но и специфични бои - виолетова, сина, зелена и црна. Погледнете дел од моделите во галеријата подолу.








Фото: Инстаграм Официјален профил Ели Саб