Вонредно обраќање: Заев и Мицкоски тестирани за коронавирус
На вонредно обраќање, министерот Венко Филипче извести дека лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, од денес се во задолжителна самоизолација.
И двајцата лидери, имале интервју со новинар кој се тестирал позитивен на коронавирусот, по што по епидемиолошката анкета која му била направена на новинарот, лидерите биле известени и веднаш тестирани за коронавирус.
Резултатот од тестот на Мицкоски е негативен, но тој останува во самоизолација, додека резултатот од тестот на Заев ќе биде готов во текот на денот, бидејќи тој вчеравечер заминал за Струмица, поради што тестот е направен нешто подоцна.
И Заев ќе биде во самоизолација, а денес на следниот прес на министерот за здравство ќе бидат соопштени резултатите.