Возбудена што наскоро ќе стане мајка: Андреа Белеска и Мартин од „Некст тајм“ подготвени за приновата која доаѓа во нивните животи

Добивај вести на Viber

Андреа Белеска е познатата ракометарка, која му го освои срцето на Мартин Филиповски, од дуото „Некст тајм“. 

Во брак се две години. Мартин ја побара за сопруга на неговиот роденден на 20-ти септември 2022, а на почетокот на јуни 2023 направија и свадбена веселба.

Сега, пред овој шармантен пар претстои ново поглавје. Андреа е во блажена состојба, веќе во 9-от месец и во секој миг очекува да стане мајка на девојче.

Возбудена сум, да и тоа како. Психички подготвена. Додека професионално се занимавав со спорт, секој натпревар одново и одново се подготвував како да ми е прв пат. Не можам ни да замислам како е да се биде родител, но гледам да сум што е можно поопуштена и да си повторам дека овие денови и месеци со бебе се единствени и треба максимално да се уживаат“, ни раскажа Андреа предпородилно.

После седум месеци пребарување по сите можни листи, значења итн одбрале име за двојчето, но како што ни кажа , му остава на Мартин да го сподели името.

Колку Мартин е подготвен за новата улога која му претстои....

„Мартин е прекрасна, посветена, одговорна личност/сопруг. Вели дека нема што да се спремаме, сѐ ке биде како што треба. Понекогаш навистина му се восхитувам на неговиот стабилен, одговорен а лабав мајндест. Освен, кога треба да одиме на прегледи (се смее). Стига до негде ама не влегува кај докторите и тоа е“ - ни раскажа оваа идна мајка.

Андреа вели дека на почетокот со исхраната немала проблеми.

„Со храната генерално сѐ беше во ред на почеток. Почнав доста ентузијастично дека ќе се хранам со којзнае што, за еве при крајот, од се, да остане само утринското смути. Гледам секогаш да внесам зелен зеленчук наутро ( спанаќ, јаболко, целер) плус семиња и бадем и по некој морков во текот на денот. Кафето го исфрлив првите 7 месеци, алхохол, газирани и густи сокови исто така. Затоа стрв за благо и дење и ноќе. Не знам трудница што го нема тој „проблем“ - вели ракометарката.

Андреа и во бременоста не престанала да биде физички активна. Вежбала до 7-от месец, а потоа поради препораките на лекарите да одмора, стагнира веќе два и пол месеци. Лесен тренинг без тежини, околу 40мин на ден (3 - 4 пати неделно) за неа било идеално во текот на бременоста.

Како и повеќето идни мајки, кои за прв пат се соочуваат со мајчинството, и Андреа вели дека посветила доста внимание читајќи на различни теми  бременост и мајчинство/родителство, курс за трудници и идни мајки, исхрана/вежби после бременост меѓутоа без никакво оптоварување или со некои предвреме зацртани ставови и идеи за тоа што е правилно спроти погрешно. 

„Можам само да издвојам дека веројатно најинтересна ми е психологијата на нашите генерации околу воспитувањето на дете. Од термините како „gentle parenting“, карактеристики како бесконечно трпение, скоро па и немање граници, па се до илјадници туторијали како да се даде млеко во шише, да се држи бебе, да се збори на бебе, да се игра со бебе, да се вежба секое ковче на бебето … Се надевам дека нема да влезам во машината од илјадници вистинити/не вистинити информации, иако сметам дека сите сегашни и идни родители сме со една нога таму.

Самите го искомплициравме секој аспект на живеењето па и родителството, мислам дека доаѓаат доста комплексни времиња за воспитување дете. Како и да е, и јас и Мартин сме позитивни, затоа што не сме ни први ни последни идни родители на светот, верувам дека ни предстои нова, топла, убава ера и едвај чекам да почнеме да ја живееме“, вели понежната половина на Мартин Филиповски.


Ирена Ставрова