(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Сакала посветла коса: Отишла на фризер, а останала трајно ќелава и со лузни
Девојка отишла во салон да ја осветили косата и останала трајно ќелава.
Таа отишла на фризер за да добие посветла коса, но по катастрофалниот третман останала со трајна ќелавост, на поголем дел од главата.
Ели Свејн имала ужасни хемиски изгореници, поради што ткивото на нејзиниот скалп се умртвило.
По ова, на 24-годишната девојка ѝ требаше трансплантација на кожа, која го покрива најголемиот дел од задниот дел од главата.
Ели тврди дека почнала да чувствува печење на главата неколку минути откако фризерот ѝ ставил бланш, во мај 2021 година во салон во Западен Сасекс.
Таа рече:
- По околу 10 до 15 минути почнав да чувствувам пецкање и на крајот станав и побарав да ме измие. Целата глава ми гореше. Кога ја тргна фолијата како да ја отворив вратата од рерната - пареа се креваше од мојата глава. Кога го изми бланшот од косата, беше светло жолта и сето тоа беше испржено, а потоа нанесе друга боја за да се обиде да ја отстрани жолтата. По околу пет минути реков да ми го измие и тоа, мојата глава буквално пламна, а косата остана изгорена и оштетена.
Ели вели дека фризерот и ставил мелем на косата пред да ја испрати дома со мраз на главата и ѝ рекол да се врати наутро за да може да се обиде даѝ ја „среди“ косата.
Следното утро, нејзините претходно долги здрави прамени морале да бидат отсечени бидејќи биле многу оштетени.
Ели за медиумите изјави:
- Околу три-четири дена откако темето ми беше избланширано, по мојата глава почнаа да излегуваат плускавци и ми течеше гној. Отидов на лекар и ми препишаа антибиотици бидејќи имав инфекција. Мислев дека антибиотиците ќе делуваат и дека се ќе биде во ред. Помина околу една недела, а потоа мојата глава во основа почна да поцрнува и почнав да го губам чувството за допир на неа, беше навистина вкочането тоа место. Отидов во брза помош и тие се обидоа да го исчистат местото, бидејќи косата во основа ми беше целосно изгорена. Мислам дека не можеа да ја видат тежината на изгореницата, бидејќи косата ми беше залепена на главата и не сакав да ја избричам, па ми препишаа повеќе антибиотици. Но неколку дена после тоа главата ми крвареше и косата ми паѓаше, па повикав брза помош и ми рекоа дека морам веднаш да одам во болница - раскажува Ели.
Во болницата работите се влошија кога лекарите го открија вистинскиот степен на состојбата.
Тие ѝ ја избричиле главата на девојката и „откриле црна изгореница, десет на седум сантиметри, која и го покривала речиси целиот тил“.
- Дојде хирургот и рече затоа што го имам изгубено чувството за допир, дека кожата е целосно мртва и немам друга опција освен да направам графт на кожа. Бев целосно скршена. Беше страшно“, рече Ели.
Таа беше префрлена на специјалистичка единица за изгореници во болницата во Челзи и Вестминстер, каде што на 17 јуни беше подложена на операција за трансплантација на кожа.
Кожа ѝ извадиле од бутот, за да го заменат гнилото ткиво на главата, што значи дека таму повеќе нема да можат да растат влакна.
- Фоликулите на косата се целосно уништени. Никој не очекува дека ќе оди на фризер, а потоа ќе има повреди и лузни кои ќе му го променат животот – истакнува Ели.
Таа вели дека салонот за прв пат го посетила една година порано, откако пријателите ѝ го препорачале.
По првиот успешен третман, таа се чувствува полна со самодоверба, кога во мај минатата година се вратила кај истиот фризер, за да ја осветли целата коса.
- Поразително беше тоа што мораа да ми ја отстранат кожата од бутот, па знаев дека ќе останам со уште една лузна, која беше уште повидлива. Самодовербата ми падна буквално на нула, не излегов од дома, освен ако не беше поради преглед во болница. Генерално, јас сум прилично самоуверена личност и се грижам за изгледот и тоа целосно ми ја одзеде самодовербата, бев скршена - додава Ели.
Покрај тековните прегледи на скалпот и микроиглите за намалување на лузната на бутот, Ели имаше советување за справување со траумите и влијанието врз нејзината самодоверба.
Сега кога влакната околу графтот на кожата на нејзиниот скалп полека почнаа да растат, таа успеа да закачи екстензии за да ја покрие нејзината „доживотна“ ќелавост.
Ели сега се надева дека ќе ја подигне свеста за сериозноста на повредите што може да ги добиете од третманот со бланш
извор:informer.rs