Време ли е за проширување на семејството: Сопругата на Александар Белов прослави јубилеен роденден, а пејачот за Женски магазин ги откри плановите

Добивај вести на Viber

Вчера во домот на пејачот Александар Белов се славеше. Неговата сопруга Јелена прослави јубилеен 30-ти роденден.

Заедно со најблиските, Јелена ги дувна свеќичките на тортата во домашна атмосфера.

Дека имало супер забава, ни потврди и самиот Александар, чие живеалиште веќе неколку години, се води на српска адреса.

„Супер го поминавме роденденот, 30 јубилеен на мојата сопруга. Прославивме во кругот на најблиските“, ни кажа во изјава за Женски магазин утринава пејачот.

А денешниот понеделник на Белов му поминува со секојдневни обврски.

„Стандард, работа на радио, преку викенд на свирки. Здравје само, јас нешто подготвувам, наскоро очекувајте нешто ново од мене, но за тоа ќе ви раскажам во следната прилика“ -ни изјави кусо пејачот .


Александар беше расположен за краток разговор, колку што му дозволуваа обврските па го прашавме и за ќерката Мина.

„Мина е супер. Тргна во во градинка каде брзо се навикна. Секако со сопругата уште пред да започне, зборувавме и ја подготвуваме каде и е градинката и дека таму ќе има многу другарчиња. Брзо ја прифати новата средина, но поради актуелни вируси, малку е настината, но се на се помина се во најдобар ред“ - вели пејачот.


Мина е првата радост во семејството Белов. 


Но, дали Александар и Јелена планираат проширувашње на семејството?

Александар вели:

„За братче или сестричка има време. Уште сме млади. Само здравје и ќе биде сѐ во свое време“ .



Ирена Ставрова