Врвен гламур на отварањето на „Мајски оперски вечери“: Токму така како што и треба да прилега на една ваква реномирана манифестација

Добивај вести на Viber

Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје синоќа беше отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“.

Фестивалскиот оган го запали маестро Томислав Шопов. На 12. мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, а на 17. мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21. мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26. мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31. мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“.

Но, она што го привлече нашето внимание е софистицираноста на гостите. Со нивната облека навистина оддадоа значење и почит на самиот настан, токму како што и треба да изгледа на една ваква реномирана манифестација.

Фото: Вангел Тануровски

Н. Толески

Еве дел од атмосверата, гостите и нивните изгледи за настанот: