Лепа Брена ја продава семејната вила на Бежанијска коса: Еве кој ќе ја купи вилата вредна 2 милиони евра
Лепа Брена конечно ја продава вилата на Бежанијска коса на својата снаа Александра Пријовиќ за 2 милиони евра. Вилата сега е преголема за Брена, но совршена за Александра и Филип, кои го очекуваат нивното второ дете.
Познатата пејачка Лепа Брена ја продава луксузната вила на Бежанијска коса во Белград, каде со години живее со сопругот Боба Живојиновиќ. Брена неколку години не можеше да го најде вистинскиот купувач, а како што пишуваше барала дури 2,5 милиони евра за вилата и не се согласила на помала сума, иако агентите ја советувале да ја намали цената за што поскоро да ја продаде.
Сепак, како што пренесува српски Телеграф, Брена и Боба успеале да се договорат, ни помалку ни повеќе, туку со нивната снаа, пејачката Александра Пријовиќ.
- Александра и Филип решија да ја купат вилата од Брена бидејќи се емотивно врзани за неа. Таму порасна Филип, а таму ги поминаа своите најубави денови. Освен сентименталната вредност, оваа вила е доволно пространа за да живеат две деца. По раѓањето на второто дете, мајката на Пријовиќ, Борка, почесто ќе престојува кај нив за да им помогне, па решиле што поскоро да се преселат - открил извор за Телеграф.
Дознале и дека Александра Пријовиќ за имотот наместо 2,5 милиони што првично ги побарала Брена ќе издвои дури два милиони евра. Пејачката била воодушевена од идејата да и ја продаде на Александра.
Брена и Боба треба да се иселат од вилата до крајот на годината, а потоа Александра ќе се всели со семејството.
Телеграф дознава и дека Александра и Филип ќе ја продадат својата куќа во која сега живеат, која е исто така на Бежанијска коса.
Како што изјавиле, откако децата на Брена тргнале по својот пат и ја напуштиле вилата, куќата на пејачката станала преголема и веќе ништо не ја врзувало толку многу, поради што донела одлука да ја продаде. Брена пред неколку години призна дека размислува да ја продаде куќата во Бежанија.
- Зошто да не? Секоја стока има свој купувач. Сè во нашата работа е бизнис; се е на продажба – потврди тогаш балканската ѕвезда во емисијата „Гранд њуз“.
За потсетување, Александра Пријовиќ одржа шест концерти во Загребската Арена, а шестиот беше одржан на крајот на ноември минатата година. Првата пет ги имала во декември 2023 година, а потоа, според слободна проценка, само од продажба на влезници заработила 2.780.000 евра.
Сепак, трошоците како изнајмување на Арената, сценографија, светла, бенд... Овие трошоци не се мали, но се занемарливи во однос на заработката. Исто така, таа пеела пет пати во Осиек и според слободна проценка заработила 875.000 евра.
Фото: ИнстаграмИзвор: 24sata.hr