За да ја почувстуваат вистински зимата: Бремената свршеница на Роналдо ги однесе децата на Северен пол

Џорџина ужива со децата на Северниот пол

Бремената свршеница на Кристијано Роналдо, Ѓоргина Родригез се пофали со нови фотографии од одмор со децата.


Поради натпреварите и тренинзите, Роналдо овојпат не е со нив, а младата Аргентинка, која моментално чека близнаци, ги однесе децата, ни помалку ни повеќе, на Северниот пол, а на Инстаграм објави фотографии за да им ја покаже зимската идила на милионите фанови.



На последните фотографии децата уживаа во друштво на Дедо Мраз, а претходно објавија фотографии на кои среќното семејство храни елени, дека санкаат, и се дружат покрај огнот ...

Инаку, ова патување чини многу. На северот на Финска, каде Георгина и децата престојуваа во луксузен комплекс покрај реката Оунасјоки, ноќевање чини 1.750 евра по лице.


Убавата Ѓоргина собра над 3 милиони лајкови од последните две објави од Северниот пол и доби комплименти во коментарите.


Фото: Инстаграм - Ѓоргина Родригез