Здравје // Совети
За детоксикација на организмот по празниците: Пијалак од ѓумбир и лимон за чистење на дебелото црево
Елиминирањето на вишокот килограми вклучува здрава исхрана и редовна физичка активност. Во нашето дневно мени е важно во секое време не само каква храна јадеме, туку и што пиеме. Постојат утрински пијалаци кои можат да ви помогнат да намалите телесна тежина, оваа празнично утро со вас го споделуваме пијалакот од ананас кој го забрзува метаболизмот. Корисен утрински пијалак кој ќе го исчисти организмот од токсини, по обилните празнични оброци.
Ѓумбирот е еден од најдобрите зачини за слабеење и подобрување на цревната флора. Ја намалува надуеноста, го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот. Затоа е добро, денот да го започнувате со цвежо подготвен чај од ѓумбир.
Начин на подготовка:
Варете мало парче ѓумбир во 600 мл врела вода околу 5 минути, а потоа исклучете го шпоретот и оставете го тенџерето врз ринглата додека не се излади. Чајот ставете го во чаша и додадете свеж сок од лимон. Лимонот ќе ви обезбеди витамин Ц, а чајот ќе помогне во детоксикација на организмот, намалување на апетитот, и во подобрувањето на варењето на храната.