За неа велат дека е најубава поранешна девојка на Хари: Проговори за нивната врска и откри дека Меган му забравува да контактира со неа

Поранешната девојка на принцот Хари, Флоренс Сент Џорџ проговори за нивната врска и откри бројни пикантерии...

Пред да заплови во брачните води со Меган Маркл, принцот Хари „шеташе“ преубави девојки.

И додека некои потајно се надеваа дека токму тие ќе успеат да го „смират“ принцот кој, како што и самиот призна повеќе пати, пред Меган живеел многу бурно, имало и такви кои се и повеќе од благодарни што повеќе не се во таа приказна.

Една од нив е и некогашната манекенка, а денес грнчарка Флоренс Сент Џорџ. Оваа млада жена и денес многумина ја сметаат за најубава поранешна девојка на Хари, а таа неодамна за првпат проговори за врската со него.

Хари и Флоренс заедно биле во 2011 година, но најголем проблем во нивниот однос биле медиумите. Како што кажа Флоренс, нејзината приватност била прекината кога почнале да се забавуваат.

фото: ROLAND HOSKINS / DMG MEDIA / PROFIMEDIA

„Сите мои училишни пријатели беа сослушани, а на мојот татко новинарите му кампуваа пред влезната врата“.

Грнчарката која во 2014 година се омажи за мултимилионерот Хенри Сент Џорџ кажа:

„Им симнувам капа на оние луѓе кои можат да се носат со тој начин на живот, но јас знаев дека не го можам тоа“.


Додаде дека иако тогаш била тажна кога раскинале, денес е благодарна за сѐ.

Инаку убавата Флоренс пред Хари две години се забавуваше со познатиот возач на Формула 1, Џенсон Батон, така што вниманието од медиумите не ѝ е важно, туку секогаш и бидело анксиозност.

Токму затоа и се насочила кон грнчарството, бидејќи тоа ѝ ја смирувало анксиозноста, но и борбата со постпородилната депресија во која западнала по раѓањето на второто дете.

View this post on Instagram

A post shared by Flea St George (@florencestgeorge)

Флоренс истакна дека останала во добри односи со Хари, но дека тој морал со сите поранешни девојки да ги прекине сите контакти, откако ја започнал врската со Меган.

фото: SIPA USA / DDP USA / PROFIMEDIA

Сепак, изгледа дека на убавата Флоренс коај порано имала успешна манекенска кариера ова не ѝ е многу важно. Таа ужива во својот живот далеку од очите на јавноста.