За некои нејзините огромни трепки се супер, а други ја критикуваат: „Изгледаат како куп пајаци“ (ВИДЕО)
Многумина и дадоа поддршка на нејзината техника која инаку често добива лоши коментари на социјалните мрежи
Лексис од Мериленд во САД е експерт за убавина чии огромни и треперливи екстензии на трепките предизвикаа дебата меѓу корисниците на Тик Ток. Имено, нејзините видеа на клиенти со огромни трепки ги гледаат илјадници и илјадници луѓе, но едно од таквите видеа посебно привлече внимание.
Според The Sun, во видеото кое има повеќе од 823 илјади прегледи на Tik Tok, Лексис покажа една од своите најнови креации. Надградбите на трепките беа толку дебели што го покриваа целиот очен капак на клиентот, а некои влакна допираа до веѓите.
Иако не е по сечиј вкус, Лексис има голем број клиенти кои бараат сличен изглед, а таа често поставува слики пред и по нејзините екстензии на трепките. Многумина и дадоа поддршка на нејзината техника која инаку често добива лоши коментари на социјалните мрежи. Некои луѓе ја бранат велејќи дека сепак тоа е само нејзина работа и дека таа само ги исполнува желбите на клиентите.
„Ако сфатите дека оваа личност побарала и платила многу пари за да и изгледаат трепките така, очигледно ѝ се допаѓа“, напиша еден корисник на Tik Tok во коментар под видеото.
- Добра е во работата, клиентот го побарал токму тоа - додал друг корисник.Сепак, имаше многу на кои не им се допаѓаа трепките и не им беше јасно како некој може да гледа низ такви трепки, а изгледот го споредија со куп пајаци.
„И да побара, требаше да и одговориш, не е хигиенски“, напишал еден противник на оваа техника. „Зошто некој би мислил дека ова е прифатливо и изгледа добро“, додаде друг. Некои од оние кои се против такви гломазни трепки како што создава Лексис ѝ пишаа да размисли внимателно за промена на кариерата.
фото: ТикТок