За поранешни и активни пушачи: 10 намирници кои го чистат организмот од никотин
Сите сме свесни за негативното влијание на цигарите и никотинот врз нашето тело.
Ако сте престанале да пушите, но и ако сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со помош на храна.
1. Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.
2. Брокула, карфиол и зелка
Овој зеленчук е исклучително здрав. Покрај тоа што содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни во намалувањето на различните воспаленија во дигестивниот тракт, содржи и антиоксиданти кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ја зачувате целата нивна хранлива вредност.
3. Зелен чај и витаминска вода
Со пушење, телото ја губи потребната течност и телото се дехидрира многу побрзо. Пиењето голема количина домашна витаминска вода што лесно можете да ја направите сами, како и зелениот чај полн со антиоксиданти, исфрла никотин од организмот.
4. Моркови
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на организмот. Исцедете го морковот во соковник измешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.
5. Киви, лимон и портокал
Освен вода, пушењето од телото исфла и витамини А, Ц и Е од организмот, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот во борбата против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, посегнете по киви или испијте чаша лимонада.
Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но исто така го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и пијте помеѓу оброците.
извор:stil.kurir.rs
-9 намирници кои им ги забранив на луѓето кои ги сакам: Кардиолог без влакна на јазикот
-Д-р Тарабар го победи ковид-19, а беше без свест со денови: 5 намирници се важни за имунитет, земајте ги секој ден