За среќа е потребно малку: Српска глумица живеела на паркинг со дечкото и ништо не ѝ фалело

„Навистина прекрасно искуство, во почетокот размислувате „како ќе живеам тука, како така“, но всушност сфаќате дека за среќа е потребно малку“ - рече Матеа

Актерката Матеа Милосављевиќ глуми материјалист во популарна српска серија, но приватно е сосема поинаква!

Матеа изјави дека живеела на паркинг, во камп приколка на Ада Циганлија заради нејзиното момче, а ова искуство го нарекува прекрасно.

За време на нејзиното гостување во емисијата „Шок ток“, таа откри дека нејзините пријатели не биле изненадени од нејзината одлука, додека тоа било изненадување за нејзината мајка и баба.

- Тоа е прекрасно искуство, живеев во кампер со своето тогашно момче, бидејќи тоа беше неговото единствено живеалиште во тоа време. Се запознавме на Ада Бојана, со камп приколката бевме некое време на Копаоник, а потоа дојде редот на Белград и единственото место каде што можевме да ја поставиме беше паркингот на Ада Циганлија - истакна Матеа.

Таа повеќе не е со него во врска, но вели дека ништо не ѝ недостасувало додека живееле на тој начин.

- Навистина е прекрасно искуство и прво размислувате како „како ќе живеам овде, како така“, но всушност сфаќате дека за среќа е потребно малку. Се будиш, Ада, природата до тебе, има ли подобро?!
Они кои ме познаваат, сите очекуваа такво нешто од мене. Мама и баба беа малку шокирани, но брзо се навикнаа, ни доаѓаа на кафе, па ние кај нив - објасни секогаш насмеаната актерка.

Нејзината изјава предизвика општ ентузијазам на социјалните мрежи, особено кај корисниците на Твитер, кои беа пријатно изненадени од нејзината приказна, па затоа ѝ дадоа бројни комплименти.

„Матеа, девојките треба од тебе да гледаат и учат“, „Секоја чест, скромна девојка“... се само некои од коментарите.

Би го направиле ли и вие тоа од љубов?

извор:GLOSSY
фото: INSTAGRAM