Забавни игри во домашно друштво

Добивај вести на Viber

Ситуацијата со коронавирусот е неизвесна, со тоа и луѓето бараат нови начини како да го убиваат времето дома во изолација, а со оглед на тоа што не знаеме колку ќе трае ситуацијата, ви предлагаме забавни игри за во домашно друштво, со што ќе се исклучите од реалноста барем на кратко, а и ќе откриете нови работи за вашите блиски. 

Големите умови размислуваат исто

Great Minds Think Alike е игра со прашања и повеќе понудени одговори на едно прашање. Бирате одговор што мислите дека ќе го изберат сите други: колку повеќе луѓе го изберат истиот одговор, толку повеќе поени ќе соберат.

Кој сум јас?

Who am I? е игра каде глумите или цртате позната личност што пртходно сте ја напишале на лист хартија, а останатите погодуваат кој се преправате дека сте.
Може да користите лепливи белешки и да ги ставате на грбот на тој што погодува.

Никогаш не сум

Never have I ever -  се игра со поставување на интересни прашања, а сите морат да одговорат дали некогаш го имат направено тоа што сте ги прашале или не. 

Вистина или предизвик

Truth or Dare e едноставна игра која секој знае да игра, само бидете креативни.

Игра со цртање

Pictionary е игра каде еден црта, а другите ги погодуваат поимите, може да станува збор за наслов на книга, филм, или други тематски поими. 

Две вистини и лага

Two truths and a lie може да бидат одлична игра за сите возрасти, секој за себе си кажува по две вистини и една лага, а останатите треба да погодат која е лагата.