Забрането видео на кое Цеца е ќелава: По 13 години откриена е тајната

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ во 2007 година објави дуетска песна со Оливер Мандиќ, со наслов „Времето за љубов истекува“. Со текот на времето, песната стана огромен хит, а истата година беше снимен и спот за споменатата песна, но до ден денес не го виде светлото на денот.

За целите на снимањето на видеото, Цеца, како вистински професионалец, тогаш решила да ги исполни сите идеи на режисерот, па се согласила да се појави ќелава. Секако, таа не ја избричи главата, но специјална маска и беше ставена над косата.

Во тоа време беше објавен тизер за оваа песна, а публиката имаше можност да види мал дел од она што го снимиле за видеото, па сите со нетрпение го чекаа моментот кога ќе биде објавена. Но, дури и тринаесет години подоцна, видеото никогаш не го виде светлото на денот, а според луѓето кои се на музичката сцена и добро го познаваат Оливер Мандиќ, велат дека тој не сакал да биде објавено видеото, бидејќи не бил задоволен како излегло. 

Вака изгледала Цеца на тоа видео:


извор:srbijadanas.com
фото: instagram/cecaraznatovic