Зачин кој ќе ве преполови: Додадете го во секое јадење и збогувајте се со килограмите

Добивај вести на Viber

Кумин е силен и необичен зачин чии семки изгледаат потполно исто како семките од ким, а дури кога ќе ги помирисате сфаќате дека тоа се два сосема различни зачини.

Куминот има силен и необичен мирис, кој се губи кога се меша со храна. Иако мирисот е силен, вкусот е многу благ.

Одличен е во регулирањето на работата на дигестивниот тракт, во регулирањето на работата на метаболизмот и во согорувањето на масните наслаги.

Куминот и здравјето се поврзани на повеќе начини. Покрај горенаведеното, лечи и надуеност, ги отстранува вишокот вода и токсини од телото, ја намалува мачнината, а се вели дека е одличен во лекувањето на дијабетес и спречување на рак на дебелото црево.

Куминот содржи антиоксиданси, витамини А и Ц, но и есенцијални масла кои му користат на телото.

Неговата моќ, кога станува збор за губење на тежината, е докажана со различни студии, а еве едно спроведено истражување:

Во Техеранскиот институт за медицински науки, научниците собрале 2 фокус групи, од кои секоја се состоела од 44 жени со прекумерна тежина.

Во текот на 3 месеци и двете групи јаделе по иста шема (1200 калории на ден) со таа разлика што во дневното мени на првата група вклучиле 1 лажичка кумин (индиски ким). Овој зачин се додавал во јогурт со малку маснотии или салати.

Резултатот беше импресивен: жените од првата група изгубија во просек 14% повеќе телесни масти отколку жените од втората група. Овој ефект се објаснува со фактот дека куминот содржи фитостероли кои имаат способност да го намалат нивото на холестерол во крвта.

Како се консумира:

За да се подобри метаболизмот, внесот на семки од кумин треба да биде - 1 лажичка дневно. Додадете го овој зачин во јадења со јајца, месо и сирење, како и во јогурт и салати.


Извор: stil.kurir.rs