Загрижени се сите: Сопругот на кралицата Елизабета Втора, бил итно примен во болница во Лондон

Кралското семејство потврди дека принцот долго време се чувствувал лошо

Принцот Филип, сопругот на англиската кралица Елизабета Втора, вчера беше примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон.

Бакингемската палата потврди дека хоспитализацијата на војводата од Единбург следеше како мерка на претпазливост по совет на лекар откако принцот долго време се чувствувал лошо.

Инаку, принцот Филип, кој е војводата од Единбург, има 99 години, а на 10 јуни годинава ќе наполни 100 години.


Фото: EPA-EFE/KAREL PRINSLOO