Заљубени како никогаш досега: Меган Маркл и Хари испратија важна порака до кралското семејство!

Војводата и војвотката од Сасекс, по неколку месеци отсуство поради раѓањето на нивната ќерка Лилибет Дијана, имаат полни раце работа. На Global Citizen Live, тие испратија важна порака за вакцинацијата, а со своето однесување, прегратки и држење за раце, покажаа дека се повеќе заљубени од кога било.

За прв пат по раѓањето на ќерката, Лилибет Дијана, војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, неодамна се појавија во јавноста за да присуствуваат на филантропски настан - Global Citizen Live. Во Централ Парк во Њујорк, Хари излезе на сцената држејќи ја Меган за рака, а за време на говорот, тие се погледнаа и изгледаа позаљубени од било кога.

„Дали сме подготвени да го направиме она што треба да се направи за да се запре пандемијата?“, ги праша Хари присутните, а Меган додаде:

„Има толку многу што можеме да направиме во овој момент за да ја запреме пандемијата. Затоа сите ние сме овде денес“, рече поранешната актерка. Хари додаде дека ние не се бориме само против коронавирусот, туку и против мноштво дезинформации и недостаток на транспарентност. Двојката изгледаше хармонично, а Меган воодушеви со бел мини фустан со кристални цветови и златен детаљ, едноставен часовник. Хари ја гушна својата сакана неколку пати за време на говорот, а Меган се потпре на неговото рамо. 

Покрај тоа што испратија апел за вакцинација, многумина веруваат дека им дадоа до знаење на кралското семејство дека се сложуваат подобро од кога било. Меган зборуваше и за родовата еднаквост во сите сегменти на животот, но и за климатските промени, што е несомнено уште една од големите кризи низ кои минува светот. Деновиве тие двајца го посетија и Меморијалниот центар за сите жртви од нападот во Њујорк на 11 септември 2001 година. 

Американските медиуми пишуваат и дека Меган ќе се сретне со своите пријатели во Њујорк - Серена Вилијамс, Амал Клуни, Гејл Кинг и Џесика Мулрони, со кои во 2019 година имаше забава за подарување на нејзиното прво дете Арчи.


Фото: Profimedia

Во црвено од глава до петици: Меган Маркл повторно докажа дека ја заслужува титулата „кралица на стилот“ (ФОТО)