ЗАМП ГИ ОБЈАВИ НАЈСЛУШАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ
Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на својот официјален сајт конечно ги објави најслушаните македонски песни во 2017 година. За потранспаретно следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП кај радио и ТВ-станиците минатата година инсталира систем за електронско евидентирање кој на авторите и носителите на авторски права ќе им овозможи увид во податоците кои се однесуваат на нивните емитувани дела. Резултатите конечно се достапни и за јавноста, а најемитуван рефрен за 2017 година е хитот на Влатко Лозаноски, темата „Мандарина“ на авторите Магдалена Цветковска, Лазар Цветковски и Милан Миланов. Лозано е и единствениот изведувач со две композиции меѓу најслушаните десет според податоците на ЗАМП.
Интересен момент е што „Мандарина“ е орогинално издадена во 2014 година, а дури лани била најслушана. Меѓу „највртените“ песни има и такви кои се снимени и многу порано, како нумерата „Туѓа си бескрајно“ која Ефто Пупиноски ја промовира далечната 1992 година, но се прослави дури две децениии подоцна и оттогаш редовно се пее на свадби, веселби и концерти.
Комплетната листа со десетте најкористени домашни авторски дела во 2017 година изгледа вака.
Ѓ.С.