Започна Петровденскиот пост: Задолжително почитувајте ги овие 2 правила, еве какво треба да биде менито!

Добивај вести на Viber

Фото: Вангел Тануровски


Како се постат Петровденските пости

Денеска, односно на 20.06.2022 година започнува Петровденскиот пост. Се практикува до Петровден кој се празнува на 12 јули - празник посветен на светите апостоли Петар и Павле.

Кога ќе започне постот зависи од датумот кога се слави Велигден, но секогаш завршува на Петровден. Може да трае минимум една недела и еден ден, а најмногу шест недели.

Преку постот верниците се воздржуваат од храна од животинско потекло за да го прочистат телото, но тоа не е единствената цел. Најважен е духовниот пост, што значи воздржување од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молитва, по примерот на Спасителот кој постел во пустината и чиј пример го следеле Богородица и апостолите. Верниците за време на овој пост се трудат да ги почитуваат и двете правила - и духовен и телесен пост.

За време на неговото траење не се јаде месо и јајца. Секој ден се јаде риба, вино и масло, освен, се разбира, среда и петок кога се пости со вода.

Строго се пости и ден пред Петровден, освен ако не се падне во сабота или недела, кога е дозволено користење на масло. На денот на раѓањето на св. Јован Крстител јадеме риба, иако се паѓа во среда или петок. Ако Петровден падне во среда или петок, ние тој ден не мрсиме, туку јадеме риба, вино и масло.

Постот е прочистување на душата и телото, односно подготовка за Светата Причест. Важно е за време на постот да се ослободиме од бремето, негативноста, сè што е лошо за нашата душа и здравје и да го разбудиме мирот, здравјето и хармонијата со Бога.

Петровден е празник со кој се поврзани разни радосни обичаи, а еден од најубавите е подарувањето јаболка на децата.


Извор: stil.kurir.rs