Заработуваше 40.000 евра месечно, сега само по 500: Рада Манојловиќ живее од прегледи на ЈуТјуб

фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Пејачката се преселила во селото на нејзиниот татко поради пандемијата

Пејачката Рада Манојловиќ пред неколку месеци се пресели од Белград во семејната куќа во Четереш, со татко ѝ, и сестра ѝ.

Поради пандемијата, и таа престана да работи, па затоа сега живее од прегледи на каналот на ЈуТјуб.

„Рада беше меѓу најбараните пејачки, секогаш имала закажано настапи со месеци однапред. Нејзиниот хонорар е во просек околу 5.000 евра, па месечно ставаше дури 40.000 евра во џеб “, изјави неименуван извор близок на пејачката и продолжи:

„Сега кога нема настапи, заработува за живот од прегледите на каналот Јутјуб, но не се жали. Може да заработи од 500 до 1.500 евра месечно и вели дека тоа ѝ е доволно во оваа ситуација затоа што има луѓе кои немаат ни за леб.

извор:mondo.rs