Застрашувачки: Покрај белодробните заболувања, загадувањето на воздухот може да ги предизвика и овие опасни нарушувања

Добивај вести на Viber

Загадувањето на воздухот, освен најочигледните здравствени проблеми со органите за дишење, може да предизвика и други сериозни нарушувања

Во последните години, Скопје се наоѓа на многу високо место на листата на најзагадени престолнини во светот, особено во периоди на постудено време. Исто така и многу други градови во регионот имаат сличен проблем, па оваа тема веќе некое време е многу интересна на нашите простори.

Загадувањето на воздухот може да предизвика бројни здравствени проблеми, на прво место кога се во прашање белодробните заболувања, но најсеопфатната британска студија од овој вид сега ни откри дека загадувањето може да доведе и до многу нарушувања од друг вид.

Истражувањето кое било спроведено во главниот град на Англија, Лондон, покажало дека релативно малото зголемување на изложеноста на азот диоксид доведува до зголемување на ризикот од посета на лекар за дури 32 отсто, како и до поголеми шанси да е хоспитализиран од 18 проценти. Истражувачите велат дека овие наоди може да се применат во повеќето градови во развиените земји, а изложеноста на загадување е поврзана со повисоки стапки на ментални болести кај населението.

 - Неодамнешните истражувања покажаа дека малите зголемувања на загаденоста на воздухот се многу поврзани со значително зголемување на депресијата и анксиозноста. Исто така, истото се поврзува со зголемен број самоубиства, а растењето на загадени места генерално го зголемува ризикот од ментални нарушувања - велат англиските експерти.

Не треба да се заборави дека други истражувања покажаа дека загадениот воздух предизвикува „огромен“ пад на интелигенцијата и е поврзан со деменција. Исто така, една глобална анализа заклучи дека загадувањето на воздухот може да го оштети секој орган во човечкото тело.

И оваа нова студија од Британија ги следеше пациентите во јужен Лондон од нивниот прв контакт со службите за ментално здравје и користеше проценки со висока резолуција за загадувањето на воздухот во нивните домови. Просечното тримесечно ниво на NO2 во областа на испитување варира помеѓу 18 и 96 микрограми на кубен метар. Истражувачите откриле дека луѓето изложени на 15 mg/m³ повисоки нивоа на загадување имале 18 отсто поголем ризик да бидат примени во болница и 32 отсто поголем ризик да имаат потреба од амбулантско лекување по една година.

Врската беше најсилна за азот диоксид, кој во голема мера се испушта од дизел возилата, но беше значаен и за загадувањето со ситни честички, кое е предизвикано од согорувањето на сите фосилни горива. Нивоата на фини честички се движеа од девет до 25 mg/m³, а зголемената изложеност од три единици го зголеми ризикот од прием во болница за 11 проценти и ризикот од амбулантско лекување за седум проценти.

- Идентификувањето на факторите на ризик може да обезбеди важни информации кои би можеле да го намалат човечкото страдање и високите економски трошоци предизвикани од долготрајните хронични ментални болести - објаснуваат истражувачите.

Светска банка процени дека загадувањето на воздухот ја чини светската економија пет трилиони долари годишно, а тоа вклучува само оштетување на срцето и белите дробови.

- Проценките на трошоците моментално влијаат само на физичкото здравје, но гледаме повеќе студии кои покажуваат врски со менталното здравје. Сметаме дека можеби е важно да се вклучат, бидејќи тоа би можело да го наруши билансот и да стане појасно дека инвестирањето во намалување на аерозагадувањето е профитабилно и многу важно - велат лекарите.

Истражувачите процениле дека намалувањето на изложеноста на загадениот воздух на урбаното население во Обединетото Кралство за само неколку единици ќе ја намали употребата на услуги за ментално здравје за околу два отсто и ќе заштеди десетици милиони фунти секоја година.


Извор: glossy.espreso.co.rs