Заврши Макфест 2021: Победи дебитантот Александар Тодоровски, но јавноста ги коментираше водителите

Добивај вести на Viber

Победник на 36-тото издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ е дебитантот Александар Тодоровски кој ја испеа песната „Под исто небо“. 

-Не ми се верува, беше првата изјава што ја кажа Тодоровски по добиената награда. 

Мартинијан Кириловски со мелодијата „Вистина“ го осовои второто место, а трето место го осовои Марија Данева која пред Штипјани се претстави со песната „Твоја“. Данева кога излезе на сцена да ја подигне наградата беше превозбудена и преполна со емоции и радост, во еден момент таа клекна на сцената, не можеше да се соземе од возбуда. 

Првото место, односно победникот доби 5.000 евра, второ пласираниот 3.000 евра, додека третото место доби 1.000 евра.


Јавноста како и по секој поголем настан кај нас, така и овој пат го коментираше фестивалот, но некако, барем според коментарите на Твитер, не им се допаднале водителите. Еве што велат тие: 


Фото: Официјален ФБ профил градоначалник на Штип, Сашко Николов/Твитер