ЗАВРШИ МОЈАТА РАБОТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА: ВЕСНА ЃИНОВСКА - ИЛКОВА СЕ ОДЈАВИ
Оперската првенка во МОБ, Весна Ѓиновска- Илкова веќе не е член на Советот за култура, откако Роберт Алаѓозовски веќе не е министер за култура.
„ Со заминувањето на министерот Алаѓозовски, завршува и мојата работа во советот. Задоволна сум што успеав да учествувам во реализирањето на еден капитален проект “ Национална стратегија 2018-2022”.Презентирав,и на голема радост беа прифатени предлози и втемелени во самиот документ, пред се за мојата матична куќа, беа остварени три месечни дебати, во кои многу повеќе имаше критика отколку пофалба.
Успеав да ги информирам и поттикнам сите национални институции, здруженија, фестивали во државата од областа на културата, пред се музичката дејност,да презентираат свои визии за националната стратегија, и морам да нагласам дека истите имаа придонес во креирањето“, објави Весна на својот фејсбук профил.
„ Работев чесно, а пред се моите ставови имаа чиста намера. Културата е гранката која е единсвениот репрезент во светот представувајки ја својата држава Македонија“, додаде таа и нагласи дека и останува доследна на својата работа.
Работев чесно, а пред се моите ставови имаа чиста намера.- Весна Ѓиновска- Илкова
Во претходно интервју за Женски магазин, со Ѓиновска- Илкова разговаравме и за средствата кои Министерството за култура им ги додели на уметниците според националната годишна програма.
„ За годишната програма не сум одговорна да зборувам поради фактот што имаше комисии кои работеа на неа. На првиот конкурс „Летен бран“ бев одбиена, на овој конкурс одобрени се проекти, два концертни и аудио запис. За проектите имам добиено покана. Пред да аплицирам, истото го поставив како прашање, и ми одговорија дека судир на интереси нема“, изјави Весна за Женски магазин.
(М.Џ.)