Зборувате во сон? - Дознајте што ви кажува вашето тело
Зборувањето во сон официјално се нарекува сомнилокија. Тоа е една од облиците на парасомнија, односно нарушување во однесувањето за време на спиењето. Тоа е многу честа појава и не се смета за медицински проблем.
Луѓето зборуваат во сон најмногу 30 секунди, а се случува и некои да зборуваат неколку пати во текот на ноќта. Понекогаш тоа се јасни фрази и зборови, а понекогаш тоа е само мрморење.
„Според моето искуство, зборувањето во сон може да биде поврзано со преоптоварување на нервниот систем и е предизвикано од прекумерно гледање во екранот пред спиење или од големо внесување на кофеин во текот на денот“, вели д-р Нерина Рамлахан, терапевт и експерт за спиење, пишува Web MD.
Ако вообичаено не зборувате во сон, но одеднаш сте почнале, ова може да бидат причините:
- емоционален стрес;
- температурно нарушување;
- употреба на одредени лекови кои влијаат на мозокот.
Исто така, зборувањето во сон може да се појави кај луѓе кои се самокритични, како и кај оние кои си поставуваат високи цели. Многу често луѓето кои сакаат да држат се под контрола не го кажуваат гласно што мислат и тоа се случува кога потсвеста ќе ја преземе контролата над свесното.
Фото:freepik