Брутално згодна: Наскоро полни 53 години, а тукушто го покажа задникот тежок 27 милиони долари на жешка снимка и го урна Инстаграм

Добивај вести на Viber

Еден поглед на Инстаграм профилот на Џенифер Лопез е доволен за да се уверите дека латино дивата никогаш не изгледала подобро, па дури ни како 20-годишна девојка!

Таа неодамна објави кратко видео на кое заводливо игра во провокативни костими, а мислиме дека ова видео кажува повеќе не од илјада, туку од милион зборови!

Џеј Ло го сподели видеото како најава за новата кампања на нејзиниот бренд „JLo Beauty“, а судејќи по жешките кадри и хаштагот #SummerOfBooty, очигледно подготвила некој производ за обликување или нега на телото.



Видеото е придружено со песната „Sexy Body“, која пејачката своевремено ја сними со Питбул, а фигурата на славната 52-годишна девојка е навистина секси, и повеќе од тоа! Лопез позира во неколку костими за капење, а тешко е да се одлучи кој подобро ѝ стои!



Во секој од нив покажа дел од своите атрибути - челични стомачни, ултра затегнати нозе и совршено обликуван задник кој го осигура на неверојатни 27 милиони долари, барем ако им се верува на пишувањата на странските медиуми.

Очекувано видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и ентузијазам кај фановите, а следеа и фантастични коментари.


Фото: Инстаграм