Жените полудеа по оваа шик, практична фризура: Се прави за 5 минути, а изгледа баш моќно! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Летото е време за едноставни и практични фризури кои не бараат многу време и труд, а најновиот тренд на социјалните мрежи претставува една таква - исклучително шик и опуштена фризура!

Благодарение на TikTok, оваа фризура се здоби со популарност, совршена е за топлите летни денови, кога сакаме да ја носиме косата соберена, а сепак да имаме симпатична фризура.

View this post on Instagram

A post shared by Lynsey Anastasia (@thesupermuse)



Едноставно и разноврсно - одлично се вклопува во сите комбинации, а е совршен избор за лето, бидејќи косата ќе ја соберете во стилски плетенка опашка, па нема да ви пречи кога е жешко.

Опавче плетенката на TikTok доби и неколку модифицирани верзии, па многу креатори на TikTok додадоа цик-цак разделба или разделба во средината, екстензии во боја и украси на класичната фризура.

View this post on Instagram

A post shared by Shiny Ponytail (@shinyponytail)



Трикот за совршена плетенка во опавче е правилно користење на голема количина гел за стилизирање за остане сè на своето место и да нема ситни, залутани влакна, а по нанесувањето на гелот, треба да ја исправите и исчеткате косата за совршено мазна фризура.



Откако ќе го наредите опавчето, едноставно плетете го и украсете го.

Фризурата дополнително може да ја зацврстите со додавање на лак, а за малку подраматичен изглед секогаш можете да додадете екстензии или блескави украсни додатоци!



Најдобро од се, не ви треба многу време за да ја направите оваа фризура, а со оглед на тоа што изгледа толку моќно, воопшто не би било чудно да ја задржите и во есенски комбинации!


фото: Screenshot