Жените со векови биле учени да велат „ДА“- на садовите за миење, на нечистите пелени, на жртвување:Време е за едно поинакво „Да“!
Дали би кажале ДА на едно убаво и длабоко патешествие на коешто не сте сами?
Дали би се тргнале на неколку дена од брзото секојдневие, би се повлекле во една комфорна, релаксирана средина за да допрете до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа? Ќе имате поддршка од тренер, од проверени методологии, од група други жени што сакаат да одат напред во развојот на својот потенцијал, во преубава природа, ќе имате време за себе, за релаксација. Имате поддршка.
Дали ќе кажете ДА?
Жените со векови биле учени да велат ДА!
ДА, на садовите за миење. ДА, на нечистите пелени. ДА, на облеката за перење. ДА, на жртвување. ДА, на мачеништво. ДА, на опсесивна диета. ДА, на намалувањето на сопствената вредност пред другите. ДА, на тоа да бидат потивки и помалку досадни. ДА, на грижата за сите околу нив.
Да, се разбира, можам да се справам со тоа.
Да, завршена работа.
МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗА ЕДНО ПОИНАКВО ДА!
Да, за себе. Да, за своите цели. Да, за својата динамика. Да, за поместување на границите. Да, за успеси и напредок каков што сакате и заслужувате. Да, за креирање среќни, радосни искуства. Да, за да бидете видливи, забележани. Да, за живеење живот со целиот личен потенцијал.
Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и… да го почувствувате својот потенцијал. Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега? Што е она што можете?
Тридневна програма за сите што се прашуваат себеси:
Која сум јас за да направам разлика?
Дали сум способна да го направам тоа?
Дали можам да успеам во овој бизнис, во овој проект, во ова хоби, во оваа функција, во оваа улога, овој потфат?
Дали смеам?
Оваа програма е за сите вас!
Жени со големи таленти, идеи и визија. Жени што не ја гледаат својата феноменалност! Жени што ги задржуваат за себе своите идеи, наместо да ги споделат!
Жени што ги одложуваат проектите и смислуваат куп изговори за да играат на ситно!
Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси. Програма за жените да научат да дејствуваат со големи и лесни чекори!
Да, можете да дејствувате со големи и лесни чекори!
Можете да научите да се водите од своите цели и мотиви, можете да научите како да се ослободите од влијанието на стравот, како да се спријателите со него и да преземате мали чекори и покрај постоење на стравот, како да се справувате со сомнежот во себе, со стравот од тоа што би кажале другите луѓе за вашите идеи.
Дозволете си да започнете да играте на големо!
Бидете лидер за себе, за својот живот, за луѓето што ви значат, за општеството!
За кого:
За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…
Жени на коишто им се важни следниве придобивки:
- осознавање на личниот потенцијал;
- поголема самодоверба во сè што правам;
- намалување на чувството дека сум премногу млада, премногу стара или не сум доволно експерт за да го направам она што го сакам;
- препознавање на внатрешниот критичар и трансформација во внатрешна менторка;
- полесна комуникација и изразување на себеси и сопственото мислење;
- намалување на чувството на зависност од одобрување од другите луѓе и полесно соочување со критиките што доаѓаат кога правиме нешто важно или иновативно;
- преземање мали, ама похрабри акции;
- одржување долгорочни акции за да се стигне до сопствените цели, до она што се сака.
- препознавање, прифаќање и одговор на стравот што го ограничува мојот напредокот, играњето на големо (што и да значи тоа за мене);
- време за дружење со себеси, полнење батерии
- дружење со група жени со огромна поддршка
ИГРАЊЕ НА ГОЛЕМО И ПОКРАЈ СОМНЕЖИТЕ, СТРАВОТ и ЧУВСТВОТО НА ВИНА!
Низ тродневна програма ќе нурнеме во себе, па храбро и осилени ќе испливаме на површината за да заблескаме пред сите во своето вистинско светло!
Каде и кога?
Датум:29-ти, 30-ти и 31-ви март
Локација:Хотел и спа „Изгрев“ – Струга
Користиме светски применети методологии што даваат резултати.
Coaching for Excellence
Points-of-You (www.points-of-you.com)
Playing Big – Tara Mohr
Цена на патувањето: 320 ЕУР
Вклучени се сите трошоци (сместување, храна, кафиња, користење базен, сауна, програмата, материјали, сертификат за учество, организиран превоз, платен ДДВ).
За еднокреветна соба: 355 ЕУР
За дополнителни информации или пријава контактирајте нѐ на:
contact@inspirit.mk
078/ 261 298
или пишете ни на нашата Facebook страна