Жено, жити Господ опушти се, „нек иде живот“

фото:unsplash

„Јадете интегрален леб, младо сирење, зеленчук“, „Џвакајте полека и внимателно“,„Јадете најдоцна два часа пред спиење“…

Епа кога ќе загризете од топлиот багет, пуштете, нека оди животот! Макар било три часот по полноќ. Кога станува збор за топол багет и вино, зар е важно колку е часот?!

****

„Вовлечете го стомакот“, „Вежбајте ги стомачните мускули, правете склекови“, „Не се потете, бидете добри“…

Епа доста е, пуштете, нека оди животот! Доволно сте згодни за да го облечете минатогодишниот костим за капење и да бидете ѕвезда на плажа. 

****

„Проверете го телефонот, можеби некој ви се јавил“, „Погледнете да не имате непрочитани мејлови“, „Погледнете низ прозорецот - што ако започнала апокалипсата, а вие не знаете?“...

Па, нека оди животот! Престанете да контролирате сè, наполнете ја кадата, ставете миризливи купки и уживајте. Можете да се справите со сè, затоа што сте во исто време карпа и лавица и шеќер.

Но ако не можете, не е важно - и не морате.

***

„Извадете го ѓубрето, избришете го подот, свртете ги сите чаши со рачките на иста страна, наредете ги паралелно сите далечински управувачи“...

Опуштете се, жити Господ, нека оди животот!

Доволно сте добри и без да правите нешто. Дури и така во пижами, со остатоци од гел на разбушавената коса и тивка утринска меланхолија.
На сите ни треба добра самовила, која ќе се појави во моментот кога ќе седнеме во валканата престилка да го двоиме оризот, зрно од зрно, минатото од сегашноста, денот од ноќта, целулитот од колковите, белите влакна од косата...

Аман ослободете се од тие мисли, ајде излезете од дома!


- Ќе го најдете ли вечерва принцот?
- Па уште прашувате! Само облечете патики, зашто до зори ќе играте и пеете на караоке!



извор:stil.kurir