Женски Магазин АНКЕТА: Дали ќе се вакцинирате против Ковид-19?

Добивај вести на Viber

Посебно актуелна тема овој период е пристигнувањето на вакцината против Ковид-19. Веќе има најави дека само од производителот Фајзер/БионТек во Македонија ќе пристигнат 800.000 вакцини, но дополнителни количини ќе има и преку системот Ковакс, како и донации од европските земји и соседите. Според најголемиот број од експертите, имунитетот станува многу посилен и подолготраен со примање на вакцината, отколку природно стекнатиот имунитет со прележување на болеста.

Дел од граѓаните стравуваат дека ќе нема доволно вакцини за сите оние кои сакаат да се вакцинираат, некои пак се скептични во однос на примањето на вакцината.

Кој е вашиот став? Дали ќе се вакцинирате против Ковид-19 или не? Вашето мислење е важно затоа искажете го на анкетата на Женски Магазин. Под секој објавен текст имате можност да одговорите.