Наша тема – Дали би простиле виртуелно неверство: Еве што одговорија Македонките!

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе имаат многу јасна идеа за тоа што претставува „неверство“ во врската, но има и такви кои „изневеруваат“ а не се свесни за тоа, еве како!

Паровите кои практикуваат конвенционална моногамија генерално сметаат дека секој сексуален контакт со трето лице е неверство, додека многу парови во поотворени врски често имаат многу јасни правила за тоа што се смета, а што не се смета за физичко неверство.

Но, сепак,  физичкото неверство може лесно да се дефинира, додека пак емоционалното неверство може да биде вистинско минско поле.

Иако овој термин е добро познат, луѓето имаат различни идеи за тоа што значи да се биде емотивно неверен, некои овој вид на неверство го разбираат посериозно отколку физичкото, иако жените се повеќе наклонети кон овој вид на изневерување.

Што се подразбира под виртуелно/емотивно неверство:

Дали е тоа излегување на пијачки со колега од работа што можеби ќе ви се чини привлечен?

Чести пораки од некој виртуелен лик, што вашиот партнер го смета за закана?

Дали благо флертувачки коментари на објавата на социјалните мрежи на непознат човек, или пак лајкување на некоја личност која ви се допаѓа?

Зошто е толку тешко да му простиш на поранешниот партнер?

Дали има некои предности од отфрлањето на моногамијата?

Справувањето со различни дефиниции за емоционално неверство може да биде предизвик за паровите, а различните очекувања може да ја загрозат врската.

Но, не беше секогаш така.

Концептот на виртуелно неверство е релативно нов - производ на општествени промени кои го обликуваа она што луѓето го очекуваат од врските, надвор од основните потреби.

Денес, луѓето генерално очекуваат партнерството да значи меѓусебна емоционална интимност ограничена само на таа врска.

И бидејќи дигиталната ера носи повеќе начини за комуникација, разбирањето кои интеракции надвор од врската ја преминуваат границата на опасна територија стана потешко од кога било.

Современ концепт

Во својата најширока смисла, виртуелно неверство се опишува ситуација во која поединецот во врска воспоставува значителна емоционална наклонетост со некој што не е негов партнер, допаѓање и лајкување на негови фотографии, оставање на кометари, допишување... така што ја преминува границата без да оствари физичка блискост.

Ова се заснова на идејата дека одреден тип на интимност само треба да се дели само со вашиот партнер и дека емоционалната посветеност на трето лице може да ја поткопа врската и блискоста што постои во неа.

Исто како и физичкото изневерување, виртуелното и емоционално неверство може да ја загрози врската.

Според Мишел Џенингс, професорка по социологија на колеџот Витман во Вашингтон, која е специјализирана за општествени улоги, семејство и врски, верувањето дека некој може да биде емоционално неверен е релативно модерен концепт.

Џенингс верува дека денешното претставување на долгорочните партнерства - како „доживотно моногамно дружење на две лица со емоционална блискост како суперлепак што ги држи заедно“ - е производ на некои неодамнешни промени.

Историски, истакнува таа, од сопружниците не се очекувало да ги задоволат емоционалните потреби на партнерот.

Бракот често се засновал на економска сигурност, семејни врски и репродуктивни цели; во браковите кои не се засноваа на љубов, разбирањето беше дека на луѓето им беше дозволено да бараат емоционално исполнување на друго место.

Но, во текот на последните 200 години, нашето искуство во односите се промени.

Денес луѓето сакаат нивниот партнер да ги исполни нивните емоционални потреби - што значи дека посветувањето на времето на друго лице, без физички контакт, може да се доживее како предавство.

Можеби веќе не е доволно да се биде физички верен. Денес, многу парови веруваат дека посегнувањето до трето лице за некои аспекти на среќа и емоционална благосостојба може да се толкува како еден вид предавство, па затоа современата технологија и социјалните мрежи се најголем виновник за голем број разводи.

Пред технологијата да стане составен дел од нашите животи, емоционалното неверство може да значи создавање на несоодветно блиско пријателство со колега од работа, споделување чувства или мисли за кои партнерот би можел да претпостави дека само тој или таа има увид.

Тоа може да значи и средба со поранешен партнер зад грбот на сегашниот или криење на животните аспекти од партнерот кој очекува неговата сакана да биде како отворена книга.

Но, дигиталната револуција понуди многу повеќе можности за луѓето да се поврзат, замаглувајќи ги линиите помеѓу она што е и што не е состанок или интеракција, истовремено нудејќи им на луѓето плесен начин за комуникација преку екраните што им овозможува  да се чувствуваат како да не го направиле тоа, или пак како да не прекршиле какви било какви правила.

Воедно, тука се поставува и прашањето дали лајкувањето на трето лице од страна на вашиот партнер значи неверство?

Одоговрот е индивидуален, а еве и зашто.

Некои парови немаат проблем да лалкуваат или коментираат фотографии на трети лица, иако тие фотографии не се уметнички, друштвени или семејни туку се направени со цел да се рекламираат себе, своето навежбано или голо тело.

Додека други парови и поединци, сметаат дека под виртуелно неверство се подразбира, било какво допишување, флерт, лјкување и коментирање на фотографии на социјалните мрежи на лица кои не се нивни пријатели, роднини, познаници, колеги...

А се вели и дека – Неверсвтво е неверство без оглед дали е физичко, емотивно или виртуелно.

На оваа тема направивме анкета, а одговорите беа 80 проценти „Не“ и 20 проценти „Никогаш“. 


Со оглед на овие податоци, доколку сакате да си ја зачувате врската, во иднина не посветувајте време на трета личност која не ја познавате лично и кон која немате  „најчисти“ мисли и намери. 

Р.Ж.М / Елеонора А.

Фото:Freepik