ЗГАСНА МЛАД ЖИВОТ, ВЕ МОЛАМ РАЗБЕРЕТЕ: Почина син на позната српска политичарка, сестра му се обрати на насобраните новинари

Ј.И. кој имал 25, син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, е пронајден мртов утрово околу 5.40 часот на тротоарот пред зградата каде што живеел во Белград.

Како што дознава Блиц, младиот човек имал завиткани кабли околу вратот.

Се уште не се знае кога точно се случила трагедијата. Телото на младиот човек го пронашле случајни минувачи кои ја известиле полицијата. Според сознанијата на српските медиуми момчето живеело на петти кат. Не е потврдено официјално, затоа што истрагата е во тек, но се претпоставува дека младиот човек скокнал од прозорецот. 

Наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта на младиот човек.

Детално на ФАКТОР ОВДЕ.