Златни правила за комуникација со постарите родители: Не обидувајте се да ги промените

Комуникацијата со постарите родители често знае да биде заморна. Поради генерацискиот јаз, шансите за конфликти и недоразбирања од различни типови се многу големи.

Уметникот Александар Галицки со години работи со постарите луѓе, учејќи ги како да направат скулптури од дрво или да сликаат. Кога вие сте на ред да се грижите за вашите родители, постои едно златно правило- бидете човек.

Ова се неговите правила за комуникација со постарите луѓе, т.е. со родителите:

1. Не обидувајте се да ги промените

Кога бевме деца, нашите родители не нервираа со приказните за едно дете од соседството кое ги има „сите петки" и кое без сомнение ги слуша своите родители. Сега, кога тие стареат, најверојатно честопати ќе кажат реченици од овој тип: „Соседот секојдневно седи дома и работи, а ти шеташ по цел ден".

Не обидувајте се да ги промените. Вие не можете да ги менувате луѓето во тие години. Она што можеме е да ги прифатиме какви што се. Ако некое лице е пушач во осумдесеттите години, веројатно не сака да се откаже од своите цигари, без оглед на тоа што знае дека не е добро за него.

2. Не обвинувајте се себеси

Вината доаѓа кај нас, пред или потоа. Што и да се случи, секогаш ќе се чувствувате како да сте доживеале неуспех во еден момент во вашиот живот. Не обвинувајте се себеси.

Секој од нас мора да се грижи за себе и да се релаксира. Ако живеете за да ги задоволите вашите родители, на крајот ќе бидете во состојба да ги обвините за вашиот неуспех во животот. Зошто не се омажи? Зошто не роди деца? Тоа не е одлука на твоите родители, туку лично твоја. 

3. Не влегувајте во конфликт

Со постар родител, честопати треба да се однесувате како со мало дете - стрпливо. Никогаш не реагирајте на нивната агресија, прекумерен тон или навреда. Ако реагирате - ќе изгубите. Слушајте ги и обидете се да го решите проблемот. Ова е единствениот начин на кој, на крајот, нема да се чувствувате виновни.

4. Не очекувајте комуникацијата да биде задоволство

Тие се нервозни, нерасположени или што и да е. Тие се само луѓе. Исто како и ние. Затоа, ако сте лути, разговарајте со нив, немој да ги поштедите дека се стари.


Што можете да направите за да им помогнете на вашите родители:

1. Покажете сочувство, но не сожалување

Сочувството е многу важно, но не да се однесувате како да се беспомошни и бедни.

2. Бидете нивна поддршка

Никогаш не одете кај вашите родители да се жалите или кукате. Секогаш имајте две приказни: една за нив, и една која е вистина. Бидејќи тие го посветиле целиот свој живот на вашиот успех и ќе им биде многу тешко да видат дека сте незадоволни.

3. Простете им

Многу е важно да научите да заборавите на минатото. Ако денес не му простиш на татко ти или мајка ти, утре можеби ќе биде предоцна. Мораме да бидеме доволно силни за да простиме и да почнеме од почеток. Секогаш имајте на ум дека тие ве имаат само вас, и без разлика колку години имате или колку сте успешни, вие сте само нивното дете.