Знак кој стои цврсто на земја: Зошто Биковите се многу емотивно стабилни?

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за астролошките знаци, Бикот е еден од знаците кои најмногу преферираат емоционална стабилност.

Бикот припаѓа на земјените знаци и затоа земјата е одговорна за стабилноста, за стабилните емотивни одлуки и за се што е поврзано со разумот и рационалните аспекти на личноста. Кога станува збор за владејачката планета на овој знак, Венера, тоа е планета која зборува за големи и длабоки емоции, затоа родените во овој знак имаат голема потреба да се поврзат на ниво на љубов и на ниво на емоции. Венера во знакот Бик носи длабоки и стабилни емотивни одлуки и тоа укажува на потребата на овој знак дека полето на љубовта е секогаш најголемата точка на стабилност и сигурност.

Луѓето родени во знакот Бик често ја жртвуваат кариерата и работата заради посветеноста на партнерот и семејството, особено кога станува збор за жените родени во овој знак. Исто така, жените кои имаат Месечина во знакот Бик или имаат подзнак во овој знак имаат тенденција да се посветат многу повеќе на семејството и партнерскиот однос и ја запоставуваат својата работа и кариера.

Тие едноставно се пронаоѓаат преку справување со семејните односи, организирање семејни ручеци, се посветуваат на своите деца и нивното образование и дури во зрелите години можат да се свртат кон работа или приватен бизнис.

На 16 мај 2023 година Јупитер по 12 години влегува во нивниот знак и на многу Бикови им носи многу убави и успешни можности на сите полиња од животот.


FOTO: freepik