Зошто десната ми е потенка од левата: Ваков тренд на веѓи носела Лила пред 20 години (ФОТО)
За разлика од денес каде во мода се дебелите исртани веѓи, пред 20 години трендот бил сосема поинаков. Актуелни во тоа време биле тенките веѓи.
Следејќи го трендот во 90тите, и познатата водителка Лила тогаш негувала тенки веѓи.
На социјалните мрежи, таа објави интересна приказна во која е на насловна страница на еден магазин, и сама си го поставува прашањето:
„Зошто веѓиве ми се Китка-Матка и зошто десната ми е потенка од левата?
Лила е една од најзгодните и харизматични водителки која со годините изгледа сѐ поубаво, а секогаш е во тек со најновите трендови па на шега си го поставила прашањето како тоа едната веѓа и била потенка од другата.
Како низ годините се менуваа трендовите, така и водителката го менувала стилот.
Што и како сме носеле некогаш и порано, од денешна гледна точка на сите ни изгледа смешно, нели ?
Фото: Фејсбук фан страна Лила Филовска/Инстаграм официјален профил Лила Филиповска