Зошто е важен млечниот протеин за нашето тело: Која доза е доволна во текот на еден ден?

Добивај вести на Viber

Логично, млечните протеини природно се наоѓаат во млечните производи: млеко, сирење, особено сурутка , јогурт... Сепак, корисно е да се направи разлика помеѓу два поима: протеин во млечните производи и млечен протеин.

Кога велиме протеин во млекото, мислиме на природни протеини во прехранбените производи, а кога го користиме терминот „млечен протеин“, обично тоа се однесува на многу вредни сушени состојки, кои имаат бројни функционални и хранливи предности, а се екстрахираат од млечни производи. 

Поради придобивките што ги носат, често се консумираат како додатоци во исхраната.

Доколку и вие сакате да го зголемите внесот на протеини - овој текст ќе ви послужи како одличен водич за еден од најчестите видови протеини! Дознајте сè за млечните протеини, придобивките што ги носат и феноменалниот пудинг создаден на нивна основа, во продолжение.

Што е млечен протеин?

Како што споменавме, тоа е хранлива материја која се извлекува од млечните производи со сушење, а неговиот состав е главно целосно чист протеин.

Што е генерално протеинот, кои можат да бидат сите извори и какви придобивки носи, ќе дознаете во овој текст, каде што темелно се занимававме со протеините, нивните извори и придобивки.

Она што млекото го издвојува од другите е тоа што, како и другите протеини од животинско потекло, се смета за висококвалитетно, но и дека станува збор за специфични видови на протеини кои доминираат во неговиот состав - казеин - протеин од кравјо млеко и сурутка - протеин од сурутка, кои имаат фантастични придобивки што не можат да се најдат во друга храна.

Придобивките од млечните протеини

Иако казеинот и сурутката се од различни видови, постојат придобивки кои се заеднички за сите млечни протеини. Еве некои од нив: 

Протеините од млекото имаат антикатаболичко дејство - го спречуваат распаѓањето на мускулите

Тие го промовираат обновувањето на мускулните ткива после тренинг и повреди, а во исто време го спречуваат нивното појавување. Млечните протеини се идеални сојузници на секој кој работи на градење мускули, или нивно зголемување, бидејќи помагаат во нивното формирање и зајакнување. Со тренинзите секако даваат најдобри резултати, но резултатите од редовното консумирање може да се забележат и кај луѓето кои не практикуваат често физички активности.

Млечниот протеин може да помогне во намалувањето на телесните масти

Истражувањата покажаа дека казеинот и сурутката го поддржуваат губењето на маснотиите од телото, па затоа треба да ги консумирате овие протеини ако сакате да изгубите килограми!

Резултатите од студијата утврдиле дека групата која консумирала казеин имала 3 пати подобри резултати за слабеење и губење на телесните масти од плацебо групата. Интересно е што одредени студии покажуваат дека во овој аспект казеинот е поефикасен од протеинот од сурутка.

Високиот квалитет на млечните протеини е одличен за урамнотежена исхрана

Дали мислите дека во вашата исхрана недостасуваат протеини и никогаш не успевате да внесете доволно количество протеини во секој оброк?

Еве уште една важна придобивка од протеините од млекото.

Доволно е да го земете овој квалитетен додаток на храна само еднаш во текот на денот и на тој начин да придонесете за балансирање на вашата дневна исхрана. Како што споменавме, овие протеини се вбројуваат во висококвалитетни протеини, кои се полни со корисни амино киселини.

Тие ги содржат сите 9 амино киселини кои му се потребни на телото за оптимално функционирање!

Како да го изберете идеалниот додаток на млечни протеини?

Секој додаток во исхраната треба внимателно да се избере. Тие можат да бидат повеќе или помалку квалитетни, подобри или полоши за апсорпција. Дополнително, суплементите можат да содржат сосема различни количини на хранливи материи, да доаѓаат во различни збирни состојби и да се конзумираат прилично едноставно или на многу комплициран начин.

Па, како да го изберете идеалниот додаток на млечни протеини?

Само земајќи го предвид секој од горенаведените фактори!

За да има максимален ефект, млечниот протеин треба да биде најквалитетен! Апсорпцијата и биорасположивоста како втори во листата на критериуми се многу важни.

Освен што формата на млечниот протеин мора да биде што е можно подобра за апсорпција, истото важи и за количината во која е присутен во одреден додаток. 

Покрај тоа, додатокот за млечни протеини што ќе го изберете треба да биде што е можно полесен за консумирање. 

Затоа тука е Имлек протеин пудинг како вкусна и хранлива опија за сите оние кои се грижат за своето здравје и физичка кондиција. Имлек протеин пудинг е вистинскиот избор за оние моменти кога сакате да се освежите и да ја надополните енергијата пред или после напорниот тренинг. Со вистинското богатство на млечни протеини, овој протеински млечен производ не само што ќе ве засити, туку и ќе помогне вашите мускули да се опорават и растат.

Имлек протеин пудинг има 20 грама чист млечен протеин. Тој нуди неодолива комбинација на кремаста текстура и богат вкус, давајќи ви задоволство без вишок калории, а доаѓа во 4 неодоливи вкуса: чоколадо, ванила, солена карамела и банана.